Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС: Продажбата на долна облека носи профит

БИЗНИС: Продажбата на долна облека носи профит
Групацијата Lisca, производител на женска, но и на машка долна облека, минатата 2013 година остварила приходи од околу 29, 2 милиони евра, што е за дури 10% повеќе од претходната 2012 година. Чистата добивка на компанијата, која вработува 650 луѓе, изнесува 1,7 милиони евра, а добивката пред оданочување била нешто повеќе од 4 милиони евра. Во 2013 година компанијата успеала да врати и кредити во износ од 3 милиони евра. Словенечкиот производител на долна опрема продава една петтина од своето производство на словенечкиот пазар. Остатокот, во земјите од регионот, како што е и Македонија, но и во земјите-членки на ЕУ и Турција. Lisca има 25 свои и франшизни продажни објекти. За годинава компанијата повторно очекува успешни резултати, со оглед на тоа што само во првите два месеца од 2014 година бележи раст на продажбата за 8% во споредба со истиот период лани.
Слично

Поврзани вести