Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис-комората контра Бектеши, не сакаат државата да дава 3.000 евра за половни возила

Бизнис-комората контра Бектеши, не сакаат државата да дава 3.000 евра за половни возила


Сојузот на стопански комори на Македонија не се согласува со најавената можност министерството за економија со 3.000 евра да го субвенционира купувањето на половни возила кои го имаат Еуро 5 и Еуро 6 стандардот во замена сопственикот да го одјави старото кое загадува.
ОД ССК денеска излегоа со соопштение дека ја прифаќаат оваа мерка, која со промените на Законот за моторни возила наиде на голем интерес кај јавноста, но од таму сметаат дека таа треба да важи само за целосно нови автомобили од салоните со нула километража.
Инаку министерот за економија, Крешник Бектеши, изминатиот викенд рече дека кога ќе се носат подзаконските акти, односно кога ќе се доуредува оваа мерка, граѓаните ќе можат да купат и користени, но доколку го задоволуваат еколошкиот стандард.
Од ССК се надеваат дека министерството за економија со промените во законот ќе им овозможат на граѓаните да добијат субвенции дури и ако возилото го купат на кредит, односно да не биде неопходно истото да биде платено во готово.

„-Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата истовремено, но не ја гледаме потребата во делот за субвенционирање на половни возила. Сепак, сметаме дека треба да се задржи социјалниот аспект, но истовремено да се поткрепи со еколошкиот, односно да им се овозможи на граѓаните со субвенционирање и со обезбедување бескаматни кредити да можат да си дозволат да ги заменат старите возила со нови што нема да имаат импакт врз животната средина, рече претседателката на ССК Данела Арсовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Таа нагласи дека во светот имало вакви практики, но само за возила што не ја загадуваат или минимално ја загадуваат животната средина.

-До сега не сме имале пракса за субвенционирање половни возила, ниту во Европската Унија, ниту, пак,во поблиската околина и не знам дали можеби Министерството за економија има информации и конкретни примери каде е применето или спроведено такво нешто. Сепак, бидејќи мерката важи и за нови возила веруваме дека е добра, но сметаме дека нејзините крајни ефекти треба да ги опфатат светските практики за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Тоа се постигнува само со мерки што се добро осмислени и долгорочни со кои возилата што загадуваат се исфрлаат надвор од сообраќајот, потенцира Арсовска. 

Со новиот закон се овозможува субвенција од 3.000 евра за ново возило во замена за старо, но истото да не биде поскапо, како што најави министерот Бектеши, од 10.000 до 12.000 евра.

Слично

Поврзани вести