Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис климата на Македонија привлечна за канадски компании!

Бизнис климата на Македонија привлечна за канадски компании!
Во организација на „Македонија 2025“ со поддршка на Канадската амбасада за  Србија, Македонија и Црна Гора денес во Скопје се одржаа канадски денови. На настанот канадските компании покажале интерес за разгледување на можностите кои Македонија ги нуди за правење бизнис. Во соработка со „Македонија 2025“, организација во која членуваат видни бизнисмени со македонско потекло, ќе се зајакнуваат економските врски со Канада, ќе создава простор за зголемен извоз на македонските компании на канадскиот пазар, ќе се привлекуваат канадски инвеститори, особено од агросекторот, ИТ секторот, аутсорсингот. Инвеститорот Крис Павловски посочил дека тие пред четири години донеле одлука да инвестираат во Македонија, односно во Скопје. -Почнавме како мал бизнис, но многу брзо се развиваме. Ние обезбедуваме консултански услуги за ит компаниите од канада и од САД. Сега веќе имаме 150 вработени и продолжуваме да растеме и да се развиваме, изјавил инвеститорот Крис Павловски.    
Слично

Поврзани вести