Бизнис инсајдер не рангираше на 7 место според бројот на невработени млади
Невработеноста на младите е еден од најсериозните проблеми не само во Европа, туку и во светски рамки.
Започнувајќи во 2008 година финансиската криза роди голем број проблеми, меѓу кои и загубата на доста работни места.
Ефектот се чувствува и до денес.
„Бизнес инсајдер“ одлучи да ги подреди земјите со највисока младинска невработеност, користејќи ги податоците за 2014 година на Меѓународната организација на трудот.
Бројките покажуваат доста непријатна тенденција - во сите земји од Топ 20 каде над една третина од младите до 29-годишна возраст се невработени.
Во земјите од првите десет бројките се во близина или над 50 отсто. Еве кои земји се најдоа во Топ 20:
20. Намибија - 36,8% 19. Кипар - 37,1% 18. Лесото - 37,3% 17. Италија - 38,3% 16. Египет - 39,3% 15. Црна Гора - 40,5% 14. Ерменија - 40,6% 13. Тунис - 40,7% 12. Свазиленд - 44% 11. Мавританија - 44,9% 10. Србија - 46,6% 9. Хрватска - 49,5% 8. ЈАР - 52,9% 7. Македонија - 54,32% 6. Реунион - 54,41% 5. Мартиник - 54,7% 4. Гуаделупе -55,1% 3. Шпанија - 58,2% 2. Босна и Херцеговина - 60,2% 1. Грција - 64,8%
Как што може да забележите Македонија го зазеде 7-то место во рангирањето, со ниво на младинската невработеност од 54,32% .
Посебни податоци не се изнесени.
На табелата останатите земји се рангирани вака: Јемен (35-то место - 28,9%), Бахреин (36-то место - 28,6%), Полска (37-то место - 28,4%) и Бахамите (38-о место - 28,1%), Саудиска Арабија (33-то место - 30%), Иран (32-ро место - 30,4%), Грузија (30-то место - 31,5% ), Албанија (28-то место - 32,3%) и Словачка (26-то место - 33,8%).
