БИЗНИС-ФОРУМ: Австриските компании заинтересирани за инфраструктурни проекти во Македонија
Вкупно 28 македонски и 7 австриски градежни компании, специјализирани за инфраструктурни проекти во патниот и во железничкиот сообраќај, учествуваа на бизнис-форумот организиран од македонската и австриската стопанска комора. форумот беше посветен на инфраструктурните проекти што се реализираат во земјава.
„На компаниите им се презентираше новиот пакет на патишта што ќе се градат во периодот од 2015 до 2017 година и се со вредност од 250 милиони евра. Тука спаѓаат неколку регионални и магистрални патишта и рехабилитација на автопатски делници, проектот за концесија на автопатската делница Кичево - Гостивар, за изградба на дистрибутивната мрежа за гасификацијата и други“, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Според Герхард Шлатл, трговско аташе во австриската амбасада во Скопје, овој сектор е многу важен за развојот на економијата на Македонија, па затоа врз него се става акцент и од австриска страна.
Во првите девет месеци од годинава, Македонија бележи раст на трговската размена со Австрија за 4,4%. Во 2011 година инвестициите од Австрија биле најголеми, околу 64 милиони долари, а оваа земја според Централниот регистар е втор најголем инвеститор во земјава.
Слично
