БИЗНИС ФАЦИ 2015 Живко Мукaетов: Магична формула на успехот!
Живко Мукаетов е прв човек на фармацевтскиот гигант Алкалоид. За него велат дека е млад и амбициозен, а тој за себе вели дека е праведен, енергичен и рационален. Растен во духот на Алкалоид, имајќи во предвид дека имал само 11 години кога неговиот сега покоен татко Трајче Мукаетов, стана прв човек на Алкалоид. Во Алкалоид групацијата е од 1999 година. Од 2004 година е член на Управниот одбор, а во 2007 година е назначен за претседател на Управниот одбор.
Сумирајќи ги резултатите за сработеното во 2015-та година, Фактор го смести Мукаетов во бизнис личносите на годината.
Мукаетов во интервју за Фактор, за годината зад нас вели, вреден за одбележување е растот на извозните консолидирани продажби од околу 10% во кои најзабележителен е растот на пазарот во САД каде сме присутни со нашата билна програма.
Фактор: Генерално, како ја оценувате годината која измина, на економски план. Дали Алкалоид ги оствари зацртаните цели за 2015 ?
Мукаетов: 2015 година ќе ја паметиме по најголемата мигрантска криза во историјата на Европа; почетокот на изборната кампања во САД и евентуалниот раст на каматите на Федералните Резерви и Банката на Англија заедно со ‘да се биде или не’ за членството на Велика Британија во ЕУ; состојбите во Русија и неизвесноста на Европските санкции; немирите во Украина, Бразил, Сирија, забавениот раст на најголемата брзо-растечка економија – Кина и ред други настани кои економскиот напредок го потиснаа во втор план.
[caption id="attachment_139806" align="aligncenter" width="553"]
Во изминативе 10 години, пласманите на Алкалоид од 53 милиони евра во 2005 година дојдоа на скоро 130 милиони евра колку очекуваме за 2015 година.[/caption]
Деловната 2015 година за Алкалоид беше во рамките на нашите очекувања и зацртани планови во сите сегменти од работењето. Очекуваме годината да ја завршиме со солиден раст од околу 6% на консолидираните продажби и добивка после оданочување во однос на 2014 година. Вреден за одбележување е растот на извозните консолидирани продажби од околу 10% во кои најзабележителен е растот на пазарот во САД каде сме присутни со нашата билна програма. Со сите превземени предострожности во однос на економската неизвесност, и во 2015 година успеваме да го одржиме стабилниот финансиски профил на Компанијата кој ни дава сигурност, а воедно и можност за флексибилност и за брз одговор на предизвиците.
Фактор: Кои се очекувањата за 2016 година. Кои се плановите на Алкалоид во однос на инвестиции?
Мукаетов: Во изминативе 10 години, пласманите на Алкалоид од 53 милиони евра во 2005 година дојдоа на скоро 130 милиони евра колку очекуваме за 2015 година. Продажбите растеа во континуитет од година за година, при што успеавме да го одржиме балансот помеѓу нашите цели, потребите на потрошувачите, акционерите, заедницата во која делуваме и сите иматели на удели.
Неизвесноста која владее на скоро сите пазари каде Алкалоид пласира свои производи, очекуваме да се преслика и на календарските графи на годината која претстои. Економскиот напредок во 2016 година, според сите параметри, повторно ќе биде во сенка на геополитичките збиднувања. Нѐ очекуваат бројни предизвици со кои треба да се соочиме, како на локално, така на регионално ниво па и на глобално ниво, па затоа, сите активности на компанијата во годината која следи ќе бидат во правец на максимална диверзификација на ризиците од работењето како и намалување на нивниот интензитет и евентуален импакт.
Фармацијата е прилично динамична дејност, кај која конкурентноста е практички условена од инвестициите. Вложувањата во опрема, капацитети, знаење, следење на светските трендови и иновации, обучен кадар и софтвер кој ќе ги подржува операциите се неминовност.
Во 2016 годината планираме да пуштиме во работа уште една значаен инвестициски проект: Центарот за квалитет на Алкалоид АД Скопје, инвестиција вредна близу 5,3 милиони евра кој покрај Институтот за развој и контрола на квалитет во базата во Скопје и новата Хемиска лабораторија во Љубљана треба значително да го зајакне нашиот капацитет во сегментот на истражување и развој за кој инвестираме близу 3% од вкупниот годишен обрт.
Во годината на одбележување на нашиот 80-годишен јубилеј ќе останеме доследни на нашата цврста определба за врвен квалитет и совршенство во секој сегмент од работењето, што ќе остане да биде наш патоказ и единствена цел во ова време на динамика и брзи промени.
Кој е Живко Мукаетов
[caption id="attachment_157929" align="alignright" width="480"]
За него денес тврдат дека е млад и амбициозен, а тој за себе вели дека е праведен, енергичен и рационален.[/caption]
Живко Мукаетов е роден на 03 мај 1974 во Скопје. Основно училиште завршува во Владо Тасевски. Одличен математичар уште како мал, поради што го заработува и прекарот „Жика дигитронче“. Средно образование завршува во гимназија Раде Јовчевски Корчагин. Дипломира на Машинскиот факултет во Скопје, а денес вели менаџерската логика на машински инжинер ми помага во раководењето со Алкалоид. Инаку, Мукаетов по дипломирањето се надградува и се запишува на постдипломски студии по маркетинг менаџмент, специјализирана бизис ориентирана школа за маркетинг во Лондон. Таму, поминува две години.
„За мене тоа беше огромно искуство“, вели Мукаетов. Таму ја добив титулата магистер по маркетинг менаџмент и тоа во школата која е под патронство напринцот Филип. По магистрирањето се враќа во Скопје и одтогаш практично влегува во Алкалоид. „Тоа беше посебно чувство, септември 1999 година бев вработен во службата за пропаганда. Тоа практично беше она што го студирав во Лондон и макисмално бев решен дека тоа што го научив ќе го применам овде заради подобро работење на Алкалоид, особено во тој маркетиншки дел“, додава Мукаетов.
Воспитуван во духот на вистинските вредности
Растев под палката на мојот татко Трајче, мојата мајка Драга и заедно со мојата сестра Билјана со која растевме во скопската населба Козле, не воспитуваа дека треба да бидеме вредни, посветени кон она што го работиме и кога ќе се зафатиме со нешто тоа треба да го реализираме до крај, се присеќава Живко Мукаетов. За него денес тврдат дека е млад и амбициозен, а тој за себе вели дека е праведен, енергичен и рационален.
По првичниот шок со смртта на неговиот татко, Мукаетов е исправен пред сериозен предизвик. Вели, тоа ме направи прерано зрел, за некои работи. Иако, постоеле скептици по преземањето на компанијата, сепак Живко Мукаетов денес само потврдува дека Алкалоид под негова палка, не само што продолжи онаму каде што застана кога на чело беше неговиот татко Трајче, туку и ја продолжи успешната приказна на Алкалоид групацијата.
Предизвик е да се одржува во одлична кондиција гигант каков што е Алкалоид
Иако, Живко Мукаетов уверува дека не е лесно да се одржува ваков гигант, особено затоа што конкуренцијата е огромна, сепак Алкалоид денес е компанија со над 1500 вработени, од кои 1200 се во Македонија, а над 300 се надвор, со оглед на фактот дека Алкалоид има свои испостави во 16 фирми надвор, а своите производи ги продаваат во над 30 светски пазари.
[caption id="attachment_194700" align="alignright" width="482"]
Конкуренцијата е немилосредна, но сепак Алкалоид сигурно расте. Ако во 2005 имаше над 35 милиони евра вкупен промет, а во 2014 година компанијата имаше над 120.милиони евра.[/caption]
„Ние се бориме со голема конкуренција, и затоа секоја година инвестираме, во нова опрема, ширење на магацинските капацитети, континуирано следење на софтверските решенија, обуки на вработените надвор од државата и сл, се иневстира практично во сите основни сегменти“, вели Мукаетов.
Конкуренцијата е немилосредна, но сепак Алкалоид сигурно расте. Ако во 2005 имаше над 35 милиони евра вкупен промет, а во 2014 година компанијата имаше над 120.милиони евра.
Алкалоид сепак покажа дека македонските фирми може да ги освојуваат странските пазарите, но само со напорна работа. Групацијата денес во Скопје е на три основни локации, производство на фармацевтски производи, производство на козметика, дел од производство на раствори за дијализа и трет дел е делот на Билки, каде ги произведуваме и чаеви. Компанијата има производство и во Белград, Р Србија...
За ракометот
Живко Мукаетов освен во Алкалоид е претседател и на ракометната федерација на Македонија. Ракометот несомнено е спорт број 1 во Македонија, овдешната јавност со нетрпение го очекува стартот на Европското првенство, каде Кире Лазаров и неговата дружина ќе се обидат да дојдат до толку посакуваните кфаливикации кои водат на Олимписки игри во Бразил.
Фактор: Во средината на јануари стартува Европското првенство во ракомет. Кои се вашите очекувања. И неизбежно прашање за и околу Олимпијадата. Имаме ли сили конечно да дојдеме квалификации за Олимписките игри во бразил?
Мукаетов: Групата „А“ на ЕП2016 која ќе игра во Краков, македонската спортска јавност ја нарече „група на смртта“. Македонија вкрстува со европскиот, светски и олимписки шампион Франција, домаќинот на првенството Полска и соседната Србија. Каков и да биде исходот, претстојниот настап на машките сениори, очекувам да биде одлика на синергичен колектив, на синхронизиран, квалитетен и сериозен тим. Изминавме тежок период, и ние како федерација и тие како репрезентативци, но сигурен сум дека на терен, ќе прикажеме квалитетен ракомет и достојното соочување со противниците. Убеден сум дека момците, предводени од капитенот Лазаров, лавовски ќе се борат за секој постигнат гол.
Јас лично, искрено посакувам во август 2016 година да ја видам „македонската фаланга“ како дел од бразилскиот спектакл наречен летни олимписки игри.
[caption id="attachment_194697" align="aligncenter" width="640"]
Искрено посакувам во август 2016 година да ја видам „македонската фаланга“ како дел од бразилскиот спектакл наречен летни олимписки игри[/caption]
2016 година е година на тежок тест за нашите машки ракометни сениори. Пред нив е навистина тешка задача и мило ми е што и самите се свесни за неизвесноста која следи и силите кои треба да ги вложат за успешно завршување на мисијата и предизвикот наречен ЕП 2016 Полска, потенцијални квалификации за Рио 2016 и квалификации за ракометното СП во Франција 2017. Среќен сум што, барем за сега, нашите јунаци се на висина на задачата и волни да ги исполнат очекувањата и желбите за успех како на љубителите на ракометот, така и на целата македонската нација. Јас лично, искрено посакувам во август 2016 година да ја видам „македонската фаланга“ како дел од бразилскиот спектакл наречен летни олимписки игри.
Многу награди и признанија
Денес, зад името на Живко Мукаетов, стојат многу награди и признанија. Пред нецели две години, првиот човек на Алкалоид, стана дел од светското елитно друштво на Млади глобални лидери, чија главна цел е со заеднички напори и залагања да го направат светот подобро место за живеење.
И.М

Слично