Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС ФАЦИ 2015, Штефан Петер, ЕВН: Остануваме една од најважните основи на економскиот развој во Македонија!

БИЗНИС ФАЦИ 2015, Штефан Петер, ЕВН: Остануваме една од најважните основи на економскиот развој во Македонија!

По десет години од влезот на австриската компанија ЕВН на македонскиот енергетски пазар, од ЕВН Македонија ги сумираат резултатите и посочуваат дека досега имаат инвестирано над 300 милиони евра во дистрибутивната мрежа за електрична енергија. Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на компанијата за Фактор вели дека за разлика од било која друга индустрија, овие инвестиции во инфраструктурата можеби не се секогаш видливи за јавноста, но се значајни во однос на техниката.

Фактор: Какви се Вашите очекувања за 2016 година?

Ш.Петер: Ова е значајна година за ЕВН Македонија. Во 2016 година, ЕВН Македонија ќе прослави еден значаен јубилеј. Тоа е 10 години од влегувањето на ЕВН на македонскиот пазар. Оттука, 2016 е годината кога ќе ги заокружиме резултатите, но, исто така и година кога ќе ги воспоставиме нашите идни приоритети и цели.

Во изминатите 10 години ЕВН Македонија има инвестирано над 300 милиони евра во дистрибутивната мрежа за електрична енергија. Тоа е во повеќе од било која друга компанија во Македонија. Истовремено, успеавме да го пренесеме искуството и знаењето од ЕВН групацијата на вработените во ЕВН Македонија и на нашите подизведувачи. Нашите обемни инвестиции придонесоа за создавање на модерна и софистицирана инфраструктура за дистрибуција, а за корисниците ова значи доверлива и одржлива услуга. За разлика од било која друга индустрија, овие инвестиции во инфраструктурата можеби не се секогаш видливи за јавноста, но се значајни во однос на техниката.

Сепак, најважниот факт е дека преку овие вложувања ние обезбедуваме доверливост во снабдувањето и го трасираме патот за иден економски развој и задоволување на потребите на клиентите. ЕВН Македонија е подготвена да продолжи да инвестира. Со тоа остануваме една од најважните основи на енергетскиот систем и на економскиот развој во Македонија.

Фактор: Како ја оценувате 2015 година?

Ш.Петер: Тоа беше тешка година за Македонија. Од негативен аспект, врвот сигурно беше инцидентот во Куманово во мај.

[caption id="attachment_197617" align="alignright" width="452"]IMG_0042 - GO Ние реализиравме инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивна мрежа. Со тоа, освен што постојано ја подобруваме услугата за сите корисници, создаваме услови за натамошен економски развој на компании кои веќе работат во Македонија, но исто така, создаваме предуслови за нови инвестиции.[/caption]

Од економски аспект, годината би можела да биде оценета како добра. Раст на БДП од околу 3,5% е добар знак, па дури и повеќе ако се спореди со земјите членки на ЕУ. Дојдоа многу странски инвестиции во Република Македонија во 2015 година. Ова овозможи да се намали невработеноста и да се зголеми куповната моќ.

Од друга страна, меѓународните турбуленции на пазарот имаа особено влијание врз некои бизниси во Македонија, кое потоа доведе до стагнација или влошување. Тука се неопходни добри развојни стратегии за надминување на ситуацијата. Ајде да бидеме позитивни и да веруваме дека секој предизвик претставува и можност.

Во поглед на енергетскиот сектор, постојат долгорочни планови кои во континуитет се спроведуваат. Без долгорочен пристап кон енергијата не може да има напредок. Почнувајќи од оваа премиса, минатата година беше успешна за нас, бидејќи го спроведовме инвестицискиот план. Оваа година почна турбулентно поради зимските бури и поплави, кои претставуваат виша сила. Но, во такви околности единствениот пристап е да се продолжи со работа што е можно подобро и да се обидуваш да ја надминеш ситуацијата. Токму тоа го правевме.

ЕВН Македонија продолжи со спроведувањето на сеопфатниот инвестициски план, кој се состои од проекти во дистрибутивната мрежа на низок, среден и висок напон. Ние реализиравме инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивна мрежа. Со тоа, освен што постојано ја подобруваме услугата за сите корисници, создаваме услови за натамошен економски развој на компании кои веќе работат во Македонија, но исто така, создаваме предуслови за нови инвестиции. Имено, новите компании, уште на почетокот добиваат соодветен и брз пристап до енергија, што е основа за нивните идни операции. Според овој пристап, можам да ја оценам изминатата година како успешна, бидејќи ги реализиравме нашите планови во интерес на потрошувачите и на пазарот.

Фактор: Кои се најголемите успеси на изминатата година?

Ш.Петер: Најголем успех секоја година се нашите вработени. Кога ја гледаме нивната флексибилност во решавањето на проблемите. Кога го признаваме нивниот придонес кон компанијата. Кога согледуваме дека тие го дале најдоброто од себе. Малите нешта ме прават горд и тие се вградуваат во културата на компанијата. Успех е да се ​​постигне таква позитивна работна средина.

С.Н.

Слично

Поврзани вести