БИЗНИС ФАЦИ 2015, Сергеј Самсоненко: Од спортот и градежништвото во млекарскиот бизнис!
Сергеј Самсоненко –русинот од градот Ротков, кој Москва ја замени со Скопје. Откако во 2006 година заедно со семејството се пресели во Македонија , веќе 9 години непрекинато го шири својот бизнис на сите полиња во земјава. Првата посета на Скопје му била на покана од негов бизнис партнер, и по еден месец од посетата паднала и одлуката за преселба. Во едно од неговите ретки интервјуа изјави дека себеси не се смета за тајкун и дека погрешна е перцепцијата што јавноста ја има за него.
-Јас не знам што е тоа тајкун, тоа е погрешно мислење што го имаат за мене, јас немам толку многу пари, јас многу работам, изјави во интервју за емисијата „Еден на еден” во 2014-та година.
Неговиот прв бизнис во Русија бил производство на спортски обувки. На македонската јавност и е познат како сопственик на обложувалниците „Бетсити Балкан“, но и како сопственик на ракометниот и фудбалскиот клуб „Вардар”. Во 2014-та година на јавниот повик на Град Скопје, ги откупи акциите на фудбалскиот клуп Вардар, за сума од 81.000 евра. Во следните десет години Самсоненко ќе управува со најголемиот македонски спортски бренд Вардар. Истата година го изгради спортскиот комплекс „Јане Сандански”, заедно со хотелот „Русија”, инвестиција вредна 15,2 милиони евра.А спроти спортскиот центар ја гради црквата „ Света Троица” .
Сопственик на авиокомпанија
Својата бизнис-империја продолжи да ја шири и во годината што измина, 2015-та година му беше година на отворање на нови бизниси. Компанијата „СИС Балкан ДОО Скопје“, чии основачи се Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, во февруари 2015 година ја купија атрактивната парцела меѓу арената „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата во Градскиот парк во Скопје за 40 евра по квадратен метар.
Минатото лето ја основа авио компанијата „ Сис Авитион”, која ќе се занимава со патнични авиосообраќај. Инвестициите продолжија –рускиот бизнисмен Самсоненко стана сопственик на „ДЦ Приме проперитис”, која ги гради Офицерскиот дом и хотелот до домот, на скопскиот плоштад „Македонија”. Двата објекта се во склоп на проектот Скопје 2014. Самсоненко компанијата ја купи од грчкиот милјардер Димитрис Контоминас , кој првично во 2011 година го доби ова атрактивно земјиште и требаше да го гради домот. Рускиот бизнисмен фирмата на Контоминас ја купил со долгови, блокирана сметка од Управата за јавни приходи и судски постапки. Инвестицијата во двата објекти се проценува на 40 милиони евра.
Влезот во Здравје Радово
Кон крајот на ланската година Самсоненко влезе во млечниот бизнис, стана еден од сопствениците на млекарницата „Здравје Радово”. Според податоците од Централниот регистар, сега како основачи на најголемата млекарница во земјава стојат Самсоненко, Јордан Камчев, Цветан Панделевски и земјоделскиот комбинат „Пелагонија”.
Поддржувач на политиките на Никола Груевски
За неговите бизниси во јавноста се плетат најразлични информации.Дел од медиумите објавија дека сопственикот на компанијата концесионер на СЦ „Јане Сандански” бил фирма со тајно сопствеништво во карипската држава Белизе регистриран на иста адреса со медиуми и градежни фирми поврзани со локални моќници од Македонија. Самсоненко ги демантираше тие информации.
Пред неколку години во матичната земја имал понуда за влез во политичките води, но ја одбил. Во Македонија, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, на изборите во април 2014-та година се појави во рекламната кампања на премиерот Никола Груевски и коалицијата „За подобра Македонија“.

Слично