Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС ФАЦИ 2015 Кочо Анѓушев: Нема криза за успешните и храбрите!

БИЗНИС ФАЦИ 2015 Кочо Анѓушев: Нема криза за успешните и храбрите!
Компаниите на групацијата предводена од бизнисменот Кочо Анѓушев изминативе години доживуваат вистински подем на македонската бизнис сцена. Самиот Анѓушев успешно раководи на неколку полиња, пред се во металскиот и во енергетскиот сектор, но Анѓушев не ја запоставува ни својата професорска работа на машинскиот факултет во Скопје. За одбележување е податокот дека Анѓушев својата професорска плата во форма на стипендија ја донира во фонд за најдобрите студенти на факултетот, кој во последно време стана вистински расадник на кадри. „Со оглед на тоа дека групацијата Фероинвест е активна во три области, би морал пооделно да коментирам за секоја од тие полиња на дејствување. Во делот на металната индустрија, односно двете фабрики на Брако, едната во Македонија а другата во Панчево, Србија можам да кажам дека и покрај тешките услови за стопанисување на металната индустрија Брако, забележа раст на приходите од над 10 отсто. Во делот на обновливите извори на енергија, пуштивме во погон уште 4 мали хидроелектрани, но тука ценам дека е уште поважно што Фероинвест склучи 24 договори за испорака на опрема по принципот на клуч на рака за други инвеститори во Македонија и регионот. Во областа на снабдувањето со електрична енергија преку фирмата ЕДС во 2015 година ја зацврстивме својата позиција за најголем снабдувач на со електрична енергија во Македонија“, вели Анѓушев за Фактор. Фактор: Како ја оценувате годината што измина? Koco-Angjusev-2Кочо Анѓушев: 2015 беше турбулентна година за македонските компании. Движењата на светската економија неизбежно влијаат на македонските компании кои своите услуги и производи ги нудат во странство. Но, и во такво опкружување успеавме да останеме лидери на пазарот и да поставуваме стандарди во делот на услуги кои за првпат се нудат во Македонија од македонска компанија. На кусо би кажал дека за Фероинвест како Групација ова година беше успешна година, каде три од компаниите на групацијата се најдоа во 100-те најуспешни во земјава. Фактор: Што се очекувањата за 2016 година? Кочо Анѓушев: Во металната индустрија односно, во Брако Велес очекуваме да го завршиме новиот проект за нова современа производна хала со површина од 5100 метри квадратни со вредност 4,2 милиони евра во која ќе бидат инсталирани најнови машини за CNC обработка како и ласерска единица за сечење на челик и роботизиранизаварувачки места. Во овој погон, кој ќе се изгради на местото на три стари хали, ќе се произведува широк дијапазон на производи, камионски шасии, куќишта за турбини за мали хидроелектрани, опрема за виљушкари, дел од медицинските помагала. Веќе сме во преговори со две нови компании за проширување на производството во две нови полиња. Накратко, и следната година очекуваме пораст на приходите од најмалку 10%. Во делот на обновливите извори на енергија ќе започнеме со нови 5 проекти кои ќе се завршат во 2016 и 2017 година. Со воведувањето на полиетиленски и челични цевки во градбата на електраните од македонско производство и воедно со производство на електромашинската опрема во Фероинвест Македонија, над 70 отсто од вредноста на инвестицијата во 24-те мали хидроелектрани ќе остане во Македонија. Ова го ценам како посебно важно за Македонската индустрија како индиректно позитивно влијание од градењето на хидроелектраните. Во делот на снабдување со електрична енергија очекувам ЕДС и понатаму да биде најголем снабдувач во Македонија и една од најголемите компании од оваа област во целиот регион. Ја користам приликата да ги информирам сите компании што трошат повеќе од 1000 MWh годишни, дека од 1ви јули 2016 година се на слободен пазар и дека можат да очекуваат од ЕДС пониски цени кои досега од тие кои сега ги плаќаат. Воедно, во Србија ЕДС ќе има неколкукратно поголема балансна група во споредба со 2015 година, односно ќе има баласна група исто голема колку и во Македонија во малопродажба која е составена од реномирани компании како што се Apatinskapivara, Michelin, Ballpack и слично. Фактор: Кој е најголемиот успех за годинава што изминува? Кочо Анѓушев: Со оглед на тоа дека групацијата Фероинвест е активна во три области, би морал пооделно да коментирам за секоја од тие полиња на дејствување. Во делот на металната индустрија, односно двете фабрики на Брако, едната во Македонија а другата во Панчево, Србија можам да кажам дека и покрај тешките услови за стопанисување на металната индустрија Брако, забележа раст на приходите од над 10 отсто. Ова е благодарение на доброто работење на менаџерскиот кадар на фабриките како и поголемиот степен на дисперзија на производното портфолио. Секако за тоа се успешни нашите стабилни партнери со кои градиме долгорочна соработка. Брако е претежно извозно ориентирана компанија со извоз над 90 отсто од вкупното производство. Тука треба да се напомене и првиот македонски камион произведен комплетно во производните погони на Брако, а во соработка со Биострада Италија. Во делот на обновливите извори на енергија, пуштивме во погон уште 4 мали хидроелектрани, но тука ценам дека е уште поважно што Фероинвест склучи 24 договори за испорака на опрема по принципот на клуч на рака за други инвеститори во Македонија и регионот. Во областа на снабдувањето со електрична енергија преку фирмата ЕДС во 2015 година ја зацврстивме својата позиција за најголем снабдувач на со електрична енергија во Македонија. Но ценам дека е уште позначајно што ЕДС направи мрежа од фирми во 9 држава во кои работи со своите ќерки фирми. Задоволни сме што половина од портфолиото на ЕДС е во други земји односно колку ЕДС продава електрична енергија во Македонија, исто толку продава и во други држави како што се Грција, Србија, Унгарија, Хрватска, Албанија, Косово а успешно работи и во Бугарија, Романија и Словачка. ФЕРОИНВЕСТ -ФОКУС КОН ИНДУСТРИЈАТА Фероинвест е формирана во 2003 година и денес брои приближно 600 вработени. Составена е од неколку компании кои делуваат во металопреработувачката индустрија, како и во областа на обновливи извори на енергија и трговија со електрична енергија. Оттаму објаснуваат дека нудат комплексни и мултидисциплинарни производи и услуги како резултат на темелното познавање на индустријата и бизнис опкружувањето во Македонија и Југоисточна Европа. „Фокусот кон индустријата ни овозможи да развиеме богато разбирање и препознавање на бизнис интересите на клиентите, а знаењата и вештините кои ги поседуваме ни овозможуваат генерирање на решенија кои најдобро ги отсликуваат специфичните потреби и потенцијали на различни сегменти од индустријата. Гаранција за нашата ефективност е и желбата секогаш да привлечеме нови таленти, да ги подобриме нашите деловни перформанси, континуирано да ги продлабочуваме нашите знаења за индустријата и да ги обновуваме нашите погледи и проекции за бизнисот во услови на глобализација на економијата во современиот свет“, се наведува во објаснувањето од групацијата. ЕДС –ЧЛЕНКА НА МЕЃУНАРОДНАТА БЕРЗА НА СТРУЈА Компанијата ЕДС со портфолиото од 150MW, ги снабдува со струја големите производствени капацитети како ФЕНИ Индустри АД Кавадарци, МАКСТИЛ АД Скопје, Цементарница УСЈЕ Скопје, Арцелор Миттал АД Скопје и БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш, се вели во објаснувањето од компанијта. eds1„Либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе предизвика негово зголемување за дополнителни 10 000 GWh, како и потреба од формирање на балансни групи. Од 2013 година, покрај постоечките осум квалификувани компании на слободниот пазар, можност да набават електрична енергија ќе имаат и компаниите кои имаат повеќе од 50 вработени и кои имаат вкупен годишен приход или вкупна актива поголема од 10 милиони евра во денарска противвредност. Со портфолио од 320MW ја формира најдобра балансна група и со тоа условите за снабдување со струја ги направи најповолни на македонскиот пазар. ЕДС е единствена македонска компанија што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и искуство во набавка на струја на слободен пазар, стои во информацијата од компнијата. ЕДС е членка на меѓународната берза за набавка на струја, што значи дека компаниите кои набавуваат струја од ЕДС ќе бидат сигурни во договорената цена и квалитетот на испораката. Досега ги снабдуваше со струја големите индустриски капацитети, а отсега и 40% од македонските компании што имаат над 50 вработени. Либерализацијата на струја стапи на сила од 01.04.2014 година. Најголема заштеда од 40 отсто добиваат фирмите кои се приклучени на вториот тарифен степен, а за останатите просечното намалување ќе биде од 25 до 30 отсто. ЕДС нуди пониска цена, сигурност и квалитет на испорака на електрична енергија“, велат од компанијата. БРАКО – ПО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА ЗАПОЧНУВА НОВА ЕРА ЗА КОМПАНИЈАТА Според официјалните информации компанијата “БРАКО” е основана во 1947 година во Велес Р.Македонија. Во 1994 година врз оваа компанија е отворена стечајна постапка која што е запрена во 1995 година при што компанијата се здобива со статус “во трансформација“. Во 2001 година трансформацијата е запрена и продолжена е стечајната постапка, за во 2003 година компанијата на транспарентен начин се приватизира. brako 1Според раководството на компанијата по завршувањето на стечајната постапка и приватизацијата на компанијата започнува новата ера во работењето на оваа компанија. „Месечното производство на жичани производи од 400 тона прерасна на производство од 1200 тона. Ваквото зголемување се должи на визијата за успешно раководење на компанијата, како и континуитетот од инвестиции, кои што се направени во компанијата Денес основната дејност на оваа компанија е производството на жичани производи , програм по кој што компанијата е препознатлива на многу пазари како на Балканскиот полуостров така и во Европа. Со достигнувањето на производството од 1400 тона на жичани производи месечно, на почетокот од 2005 година, компанијата “БРАКО”, се наметна како сериозен лидер во производството на жичани производи во државата , и во региононот“, стои во информацијата од компанијата. Имајќи визија компанијата да прерасне во Балкански лидер во производството на жичани производи, од почетокот на 2006 година, односно на крајот од 2005 година “БРАКО” отвори свои производствени капацитети - погони на пристаништата на реката Дунав во Панчево Србија - “БРАКО – ФЕРОПРОДУКТ” , и во Видин - Република Бугарија – “БРАКО – БУГАРИЈА” , со што компанијата прераснува во Холдинг компанија. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести