Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС ФАЦИ 2015, „FX3X“: Луѓето што во Холивуд ја раскажуваат македонската бајка! (ВИДЕО)

БИЗНИС ФАЦИ 2015, „FX3X“: Луѓето што во Холивуд ја раскажуваат македонската бајка! (ВИДЕО)

На 22 декември беа објавени кандидатите за Оскар за визуелни ефекти, и од 10 филмови кои се на листата, македонската компанија за анимација и визуелни ефекти „FX3X“ работеше на 5. Оваа македонската компанија е една од ретките успешни приказни. Започнува во 1997 кога Кристијан Даниловски и неговиот партнер Миливоје Ѓорѓевиќ - Мишко решаваат да ја основаат фирмата. Стартувале со идејата дека еден ден ќе работат со Холивуд. Денес, речиси 20 години по основањето, компанијата бележи неверојатни успеси. Имаа номининација за EMMY награда за филмот „Патот до 11-ти септември“, работеа и на „Golden Compass“ филм кој беше награден со Оскар за визуелните ефекти. На листата на филмови на кои  „FX3X“ работеле на визуелните ефекти се многу холивудски блокбастери,  меѓу другите и на „Авијатичарот“, „Терминатор“, „Трансформерс“, „Животот на Пи“ и уште многу други.. Во 97-та година, оваа компанија броеше двајца вработени, основачите Кристијан и Мишко, денес во FX3X се вработени 230 и уште 70-тина се на обука, а како што вели Кристијан во разговор за Фактор, немаат намера да застанат овде. Нивната плодна работа во 2015, недвосмислено ги вброи во најкреативните „бизнис фаци“ за 2015 година на порталот Фактор.

Почетоците на FX3X

Инспирирани од визуелните ефекти на Terminator 2 во 1991 година, Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ - Мишко стартуваат компанијата за анимација и визуелни ефекти. „Идејата уште во самиот почеток ни беше да успееме еден ден да работиме на некој холивудски филм “, додава Даниловски. „Нашата работа опфаќа креирање на визуелни ефекти на веќе снимен материјал, што на гледачот многукратно му го зголемува доживувањето, а со тоа и уживањето, вели еден од основачите на FX3X.

[caption id="attachment_195146" align="aligncenter" width="600"]132944701-600x291 Миливоје Ѓорѓевиќ - Мишко и Кристијан Даниловски[/caption]

Оттаму и континуираниот стремеж во Холивуд постојано да се оди понапред со употреба да технологијата во филмската продукција, се со цел да се заинтригира филмската публика, а со тоа и да се привлечат што поголем број на гледачи во кино салите„.

Фактор: Од 10 филмови во изборот за Оскар, вашата компанија работеше на 5?

Даниловски: „Филмовите на кои ФХ3Х беше дел од изработката на визуелните ефекти се: "Ant Man", "Avengers: Age of Ultron", "The Martian", "The Revenant" и "Tomorrowland"„.

Фактор: Како почна соработката со Холивуд? 

Даниловски: „Идеата кога ја основавме оваа компанија беше да работиме еден ден со Холивуд. Сериозно се подготвувавме од 2003, а во 2004 отидовме на Саемот за компјутерска графика Си Граф, имавме свој штанд таму каде што предизвикавме големо внимание, а како резултат добивме ангажман за дел од визуелните ефекти во филмот на Мартин Скорсезе "Авијатичарот"„.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=HxWEt-vqiqA&feature=youtu.be[/embed]

Фактор: Зошто денес Холивуд ве избира вас?

Даниловски: „Ние секогаш се трудиме да бидеме најквалитетни, мислам дека главниот момент е моментот на доверба. Веројатно е така и во другите бизниси, особено кога се работи преку половина планета растојание. Треба луѓето да стекнат доверба, а вие не смеете никогаш да ги предадете. Конкурентни сме, тоа не е спорно, но секогаш мора да бидеме исполнителни и никогаш не можеме да се потпреме на стара слава. Тоа е мотивација повеќе за нас. Луѓето од Холивуд не препознаваат, ние уште од самиот почеток се трудиме, ние да не бидеме главните во филмот, главни се другите, ние само треба да се држиме до нашето, а тоа е да направиме филмот да изгледа многу спектакуларно. Дозволуваме за нас да зборуваат делата, а не ние„.

Фактор: Кој е најголема конкуренција на FX3X, ќе прашам како лаик дали Индија заради ефтина работна рака?

Даниловски: „Холивуд заради концентрацијата на моќ во филмската индустрија е главниот пазар, глобално. И бидејќи сме на глобалниот пазар, конкуренција ни е целиот свет. Постојат компании од Тајван, но постојат и канадски, па и американски, некогаш конкуренција ни е Индија, некогаш Кина, некогаш Источна, некогаш Западна Европа, така што целиот свет ни е конкуренција, не е спорно тоа.. „

slika 3Кој е Кристијан Даниловски?

Кристијан Даниловски е роден на 06 август 1971 во Скопје. Овде завршува основно и средно образование. Дипломира на машинскиот факултет во Скопје. „Кога бев дете немаше дигитални визуелни ефекти, но кога бев во основно училиште се појавија првите персонални компјутери и таа технологија мене многу ме интересираше. Имав среќа моето семејство да ме подржи во тоа, сакав тоа да ми биде хоби во тој момент“, вели Даниловски. Математиката и цртањето биле негова главна преокупација. Цртам уште пред да одам на училиште, нормално сега веќе прекинав. Цртав дизајни за некакви автомобили или авиони, се разбира во доменот на она што може да го направи средношколец, вели Даниловски и додава тогаш сакав да бидам дизајнер на автомобили. Но, со тек на времето се развиваше и компјутерската графика и тогаш започнав посериозно да се занимавам со своето хоби. Инаку, Кристијан Даниловски е поранешен ватерполо репрезентативец на Македонија. Играл на позицијата голман.  „Сакам ватерполо, ветеран сум во тој спорт. Цел живот се интересирам за технологијата. Преку викенди сакам да се прошетам, сакам да пливам. Сакам филмови, добра книга„.

Компанија сместена на огромен простор во скопски Аеродром

Компанијата е сместена на огромен простор во населбата Аеродром. Сега засега за холивудските филмови работат само на уфрлување на ефектите или нивна доработка, според потребите на клиентот. Но, во нивното студио веќе се снимаа сцени за повеќе македонски филмови како на пр. Трето Полувреме, Ова не е Американски филм и други…Комапнијата има и приватно кино како дел од фирмата. „Киното го направивме за наши потреби„, вели Даниловски „за да можеме да ги гледаме филмовите на кои работиме и ги забележиме сите аномалии или недостатоци додека е уште во изработка. Ни требаше опција каде што тоа ќе се гледа на екран поголем од телевизор, затоа го направивме киното. Го креиравме првото стерео 3Д кино кај нас затоа што тогаш почнавме да работиме на 3Д филмови. И ете денес си имаме кино кое ни служи за работа и гледање на она што го работиме„, додава Даниловски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=1S_5TVox_c8&feature=youtu.be[/embed]

Фактор: Уште колку недостасува за FX3X комплетно да застане зад филм каде што би заработиле номинација за оскар за визуелни ефекти?

Даниловски: „Сега сме 230 луѓе, некаде сме како главни изведувачи на некои проекти, а некаде сме како подизведувачи. Така што мислам дека 500 или 600 луѓе би требало да биде некое ниво, каде би можеле да се надеваме и на таков епилог.  Како и да е имаме огромен прогрес, имаме фантастични луѓе кои работат овде. Треба да бидеме горди како компанија. Оваа 2015 година ни е најсупешна„.

slika 5Фактор: Можеби е неблагодарно прашањето, но колкава е заработувачката?

Даниловски: „Се заработува пристојно. Се трудиме да бидеме што е можно по конкурентни и по тој основ„.

Фактор: На што моментално работи компанијата?

Даниловски: „Работиме на две анимирани серии, исто така работиме како главна компанија на филм независно продуциран филм, кој се надеваме дека до февруари ќе биде готов. На 22 јануари годинава ќе биде премиерата и за уште еден хит филм - "The Revenant", каде ние работевме„.

Европски шампиони во претприемаштво

Во 2011 се прогласени за Европски Шампиони во претприемништво, и тим на професори од Универзитетот Американ Колеџ во соработка со своите ментори од Универзитетот во Кембриџ изработуваат показен пример (study case) за ФХ3Х како пример за успешна компанија.

Па така, „ФХ3Х“ се најде во академскиот учебник „Кршење на мраз на претприемачки начин - Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа", каде за првпат една македонска компанија се појавува како успешен пример за младите претприемачи од целиот свет. На иницијатива на Универзитетот Американ колеџ Скопје, ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и Источна Европа.

И.М

Слично

Поврзани вести