Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис Фаци 2012, Зоран Ставрески: Министер за финансии за широка употреба!

Бизнис Фаци 2012, Зоран Ставрески: Министер за финансии за широка употреба!

Првиот македонски финансиер, Зоран Ставрески 2012 година ја стартуваше со одврзано ќесе. Цела година даваше пари,секому. Почна со граѓаните кои сакаат да си купат стан. Продолжи со лозарите, а не извисија ниту тутунарите. На компаниите, ем, им се раздолжуваше, ем, поволни кредити им обезбедуваше. А, кога ќе му фалеа пари, тогаш позајмуваше. Ефтини кредити од секаде. Единствените, кои од Ставрески не добија пари – останаа само опозиционерите. Всушност и тие добија. Ама, бидејќи многу бараа и посакаа дури 204 милиони евра, на крајот, си добија - тоа што го заслужуваа....3 милиони евра. Како најодговорен за финансиите на земјава, заслужува пообемна анализа..

Годината почна со пари за граѓаните кои сакаа нов стан...

Уште на почеток од годината, Ставрески го промовираше проектот Купи куќа-купи стан. Проектирано беше 2.500 луѓе да добијат субвенции. По пет месеци беа доделени доделени првите 50 кредити. Граѓаните купија станови во вредност од 1,4  милиони евра а државата им даде 271 илјади евра. Нешто помалку од парите потрошени за кампања за медиумите. Но, Ставрески имаше уште пари за давање па затоа го продолжи рокот, дури два пати. Субвенции за станови ќе има и следната 2013 година. Фијаско или не?

За една година, граѓаните преку овој проект купиле станови во вредност од 3,5 милиони евра. Колкави се вкупните субвенции и колку станови се купени - нема бројка.

Следува и парите за компаниите.....

Додека ги исплаќаше лозарите и тутунарите, а на општините им наоѓаше кредити за патишта, не ги заборави ниту компаниите. За нив се обезбедија 111 милиони евра, преку докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот и со кредитната линија од Европската инвестициска банка.

Ефтини кредити обезбедени и за државата....

А, секогаш кога ќе снемаше пари неговата каса министерот се снаоѓаше. Аукции на домашен терен, благајнички записи....Стотици милиони евра.. А, на крајот од годината успеа да обезебди уште 300 милиони евра од Светска банка и Дојче банк. Опозицијата не успеа да го попречи во намерата да се земат ефтини кредити.

Ама се бараа и инвеститори..... Инвестициите драстично паднаа. Едвај 44 милиони евра. Ама, Ставрески не запре со потрагата по инвеститори. Индија и Русија му се омилени земји. Во една година ги посети неколкупати. Од Индија дојде, Субрата Рој. Ќе го гради Дубаи во Охрид. Ама,  од Русија, иако му е поомилена дестинација, се уште ги чека парите од клириншкиот долг. Гасификација –клучна инвестиција.... Омилениот проект на Ставрески. Гасификацијата. Неколкупати ја посети Русија. Даваше и интервјуа за руските медиуми. И оваа година, најавуваше решавање на клириншкиот долг и старт на гасификацијата на Македонија. Присуствуваше и на на свеченото одбележување на почетокот на градбата на рускиот коридор за пренос на гас, која се одржува во Анапа, Русија.Очигледно, низ годините е јасно дека желбата на Ставрески за гасификација на Македонија е огромна. Но, реализацијата оди тешко.  Којзнае можеби ако нешто премногу сака, ѕвездите ќе сторат се за тоа да го добие. Сепак, мораше да се штеди....

Во април направи ребаланс на Буџетот. Скрати 120 милиони евра. На удар беа инфраструктурните проекти. Опозицијата го критикуваше ама министерот возврати дека во време на владеењето на опозцијата дури и немало проекти во инфраструктурата.

Следуваа тешки денови....

Земјата влезе во рецесија..Индустриското производство паѓа - 15 месеци по ред. Министерот носеше мерки. Ја воведе и задолжницата..  ама во зачараниот должничко - доверителски круг не ја вклучи државата. Туку само компаниите.

Но, следуваа пофалби - за справувањето со кризата....

Се наредија, честитки од Стандард енд Поурс, Фич, ММФ, Светска Банка, Форбс, Доинг Бизнис...Македонија добро се справува со кризата. Опозицијата пак, велеше одиме кон грчкото сценарио. Министерот им возврати да ги видат извештаите на меѓународните институции.

Критиките поминаа незабележано...

Европската комисија забележа, дека јавниот долг значително пораснал и дека генерално водењето на фискалната политика и понатаму се влошува. На креаторите на економската политика им се забележа дека проектирале приходи на нереална основа.. Растот на јавниот долг според ЕК е главна причина и за зголемениот надворешен долг кој веќе надмина 60% од БДП а можно е тој се уште да расте бидејќи веќе се планирани нови кредити за да се покрие дупката во Буџетот.

Уште посериозно предупредување упати и поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев, ама министерот не сакаше да го коментира.

Следуваа денови на раздолжување...

Дарежливиот министер на крајот од годината беше и искрен. Па, реши да признае дека државата им должи на компаниите. Пари за поврат на ДДВ. Не само што призна, туку почна и да им ги враќа. Но, не кажа колку пари им должат.

И на крајот на годината....

Пари му побара и опозицијата. И тоа дури 204 милиони евра..Министерот реши да им даде. Ама бидејќи тие многу бараа – си го добија тоа што го заслужуваа... 3 милиони евра кратење...Од Ставрески за опозицијата..

Новата година му ја честитаме со песната: http://www.youtube.com/watch?v=10TfxcE1K4I  
Слично

Поврзани вести