Бизнис Фаци 2012, Владимир Пешевски: Не е магионичар, ама им најде чаре на бизнисмените!
„Имаме сериозни размислувања во насока на подобрување на системот на враќање на ДДВ. Во скоро време ќе излеземе со дополнителна информација, сега- засега не би коментирал“ - со оваа изјава вицепремерот Владимир Пешевски заврши на насловните, но не поради веста, туку поради обидот да се “заташка“веста. “Непотребно се крена прашина“ – се дообјаснуваше Пешевски, а всушност тој само предвреме го кажа она што требаше да го соопшти премиерот, и тоа на средбата во Александар Палас. Не е убаво да се истрчува пред Премиерот.
Патуваше од Кина , преку Бразил до Америка, попат, Струмица, Паланка , Битола.. Преговараше со лозарите и металците а на штајкувачите од Славија и Ремонт – им ги прати советниците.
Промовираше антикризни мерки за помош на фирмите, ама често потестуваше “Владата нема магична формула ниту магично стапче за да најде решение за кризата“. Сепак, магијата вака или онака дојде, Буџетот се донесе, а во новата година бизнисмените влегуваат со очекувања дека парите ќе им бидат вратени. Се надеваат дека овој пат ќе нема одложувања. Новата година му ја честитаме со песната:
http://www.youtube.com/watch?v=y3aq5kw_Jm8