Бизнис Фаци 2012, Срѓан Керим: Како некогашниот дипломат дојде до Топ бизнис фаците?
Срѓан Керим, како исклучителен дипломат од кариера од секогаш го привлекуваше вниманието на јавноста. Ценет надвор, почитуван дома, барем таква беше сликата за него до пред некоја година. Откако влезе во бизнисменски води, успеа во шише да ги стави и многу поголеми бизнисмени, и тоа за кусо време. Како прв човек на МПМ, компанијата која ги издава трите дневни весници, Вест, Утрински и Дневник наметна за себе слика на човек кој сака да ја контролира и работата на медиумите, но и на бизнисот да му дава свој тек.
Прво ја подготви продажбата на весниците, чиј сопсвеник беше германски ВАЦ и тоа не на било кого, туку на бизнисменот Орце Камчев, кој со тоа ја надогради својата империја. И тука немаше да има ништо чудно, доколку пред некој ден не се случеше тоа што се случи. Фирмата МИРЕКС, чиј застапник е Срѓан Керим си купи 33 проценти од МПМ. Инаку, ако го читате МИРЕКС наопаку, ќе видите дека станува збор за превртеното име на Срѓан Керим, СКЕРИМ, па многу логично се вади заклучокот чија е оваа компанија. Има зошто да слави господинот Керим.
Новата година му ја честитаме со песната:
http://www.youtube.com/watch?v=pur5bFdWmlw
Слично
