Бизнис Фаци 2012: Орце Камчев
Болницата “Аџибадем Систина” ја стави во втор план, преку ЗПК “Пелагонија” оствари значајно учество во “Стопанска банка Битола”, бизнисменот Орце Камчев, во 2012 година одлучи да се посвети и на медиумскиот простор, па си купи пет весници. Од продажбата на дел од неговите компании, влезе во моќната медумска групација “Медиа Принт Македонија”. Сумата за која што ги купи дневните весници, “Дневник”, “Утрински весник”, “Вест”, “Македонски спорт” и неделникот “Теа модерна”, остана тајна, ама на потпишувањето на купопродажниот договор, Камчев вети, дека овие печатени медиуми ќе бидат во сигурни раце.
-Квалитетот, новите изданија и новите содржини во весниците ќе допринесат МПМ да ја зацврсти својата положба и да стане водечка медиумска куќа во земјава. Нашите стратегиски определби и развојни планови се во насока на подигнување на квалитетот и одржување стабилна позиција на пазарот на трите најтиражни весници во Македонија и семејниот магазин „Теа Модерна“-изјави Камчев во април минатата година.
Ама трансакциите продолжија, а Камчев си најде и партнер од Србија. Неколку месеци подоцна, во септември, компанијата “Орка холдинг” продаде 50 отсто од уделот кој го поседува во “Графички центар Скопје”, на српската компанија “Интер груп” сопственик на електронскиот портал Telegraf.rs Очигледно дека бизнисменот Камчев сериозно ја сватил моќта на медиумот, па бидејќи се наоѓаме во ера на интернет новинарство, посака и ваков тип на медиум. Најави нова стратегија за електронските изданија на четирите дневни весници и отворање на интернет порталот Телеграф МКД, со независна новинарска редакција. Откако ја купи МПМ, а апетитите за поседување на медиуми беа видливи, во јавноста струеја и информации, дека Камчев ќе купи и една позната национална телевизија. Дали тоа беа само чаршиски муабети или неуспешен обид на бизнисменот, остана непознато. Но 2013 година е на почеток, нема да не зачуди ако Орце Камчев влезе и во телевизискиот бизнис, бидејќи ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ! Како и да е Камчев покажа дека создава бизнис царство за подолготрајно присуство на македонската сцена. Новата година му ја честитаме со песната:
http://www.youtube.com/watch?v=DNWtp6lpLRo
Слично
