Бизнис Фаци 2012, Минчо Јорданов: Во земјоделството е иднината, затоа чукни во дрво!
Минчо Јорданов и изминатата година не ја изгуби позицијата на еден од најбогатите бизнисмен во Македонија. Градежната компанијата “Бетон” во која поседува околу 23 отсто акции, и во 2012 година ги добиваше речиси сите тендери за градби во склоп на проектот “Скопје 2014”. Ама и покрај тоа што Бетон ги градеше најскапите проекти во владиниот проект, власта сеуште му должи милионски суми за сработеното. Но бизнисменот Јорданов, и 2012 компензираше со агробизнисот, а таму влезе речиси во секоја земјоделска гранка. По винаријата, овците и пасиштата, на крајот на 2012 година, најави и отворање на фабрика за производство на сирење. Сеуште не е познато колку ќе чини инвестицијата и со колкав капацитет ќе работи сирењарата, ама едно е сигурно, профит ќе има. Бизнисменот веќе го осигурал американскиот пазар за пласман на македонското сирење.
Во изминатата година ќе остане запаметен и како нов член на Управниот одбор на Македонија 2025, организација формирана да помогне во креирањето на просперитетна економска клима во земјава.
На Јорданов очигледно му одеше добро бизнисот измината година, што дури речиси и да остана нем на актуелните случувања околу донесувањето на Буџетот за 2013, иако со оглед на долговите на Владата кон бизнисот, тој беше еден од најзаинтересираните буџетот да се донесе. Ќе чека февруари, со надеж дека Владата ќе си го исполни ветеното. Новата година му ја честитаме со песната:
http://www.youtube.com/watch?v=vrtkieS_6Yc
Слично
