Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис Фаци 2012, Изет Зеќири: Задолжен да ги нервира економските министри!

Бизнис Фаци 2012, Изет Зеќири: Задолжен да ги нервира економските министри!

Чекаше, чекаше и си ги дочека своите пет минути. Пратеникот Изет Зекири реши на елегантен начин, цели 4 часа да биде во центарот на вниманието во собраниската сала. Откако  до министерствата и институциите испрати 50 пратенички прашања, на собраниска седница,  министрите 240 минути му одговараа само нему. Другите опозиционери кои “жестоко“ се подготвуваа  да “распалат“ против Владата, завршија со попуштени нерви.

Зекири соборуваше и амандмански рекорди во годината што измина . Откако владата го објави Буџетот за 2013 та, пратеникот стокми повеќе од 400 амандмани. Но, за разлика од првиот пат,  овојпат – немаше кој да го слушне. Секогаш на “готовс“ да “распали“ за економијата, Зекири често го потсетуваше својот политички конкурент ДУИ за ветените, а неостварени проекти. “ Ако некој сака да прави сунет на децата во државните клиники, ќе треба да плати приватно, а ДУИ вети дека ова нема да биде така “ – рече Зекири.

 Новата година му ја честитаме со песната:

http://www.youtube.com/watch?v=15O63CQH0Vk
Слично

Поврзани вести