Бизнис Фаци 2012, Димитар Хаџимишев: Лузер или победник на годината?
Димитар Хаџимишев, во годината што измина, дефинитивно ќе остане запаметен како бизнисмен кој е на пат да го загуби главниот бизнис. Топлификацискиот.
Од ден на ден, цела измината година менаџментот на Топлификација беше на удар на јавноста. Поради цените, исклучувањата од парно греее. Некаде на средината на годината се случија и прегрупирања на сопственичката структура. Прашање е, дали негативната кампања против Хаџимишев беше однапред смислена во некои бизнис кругови во земјата. Во изминатата година Топлификација беше на мета на многу купувачи. Непосредно после купувањето на акциите на словенечка „Потеза“, од страна на „Кордикор инвестментс лимитед“, кипарската фирма која во јуни стана најголем поединечен акционер во „Топлификација“, Топлификација Скопје до своите акционери испрати текст на спогодба за формирање мнозински пакет-акции. Тогаш од компанијата соопштија дека овој потег следува во согласност со одлуката на Надзорниот одбор за формирање мнозински пакет-акции за заштита на интересите на сите акционери на Топлификација. Но, пакетот не се создаде, а во јавноста се шпекулираше дека се подготвува смена на Димитар Хаџимишев.Следуваше и кавга меѓу Макпетрол и Топлификација поради неплатени сметки, па мораше да посредува Владата.
А, со оглед дека Топлификација ги имаше вратено назад до Регулаторната комисија за енрегтика сите лиценци за работа, регулаторите објавија оглас за компанија која ќе сака да го добие бизнисот на Топлификација. И покрај критиките упатени од сите страни до Топлификација дека таа е монопол и дека работи како што сака, сепак произлегува дека никој не сака да го земе нејзиниот бизнис, со оглед дека секогаш кога таа ги враќа лиценците нема заинтерсирани за да ги добијат. Сепак, сега на последниот оглас се јавија, Балкан Енерџи, ама се јавија и државните електрани ЕЛЕМ и МЕПСО, како бекап варијанта бидејќи Балкан Енерџи не биле сигурни. Се предомисли и Топлификација, па си побара назад една од трите лиценци односно онаа за дистрибуција. На крајот им ги издаде топланите на Балкан Енерџи, Топлификација ќе си зема по 1 милион евра годишно и можно е потенцијалниот губитник да се претвори во добитник на годината.
Новата година му ја честитаме со песната: http://www.youtube.com/watch?v=Edr6q974Ebo