Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС ФАЦИ 2013, Живко Мукаетов: Со инвестиции против глобалната криза!

БИЗНИС ФАЦИ 2013, Живко Мукаетов: Со инвестиции против глобалната криза!
Застана на чело на Ракометната федерација на Македонија. Го доби престижното признание “Златен медал“ на Црвениот крст и државната награда “Мајка Тереза“. Компанијата “Алкалоид“ што ја менаџира се ширеше дома и во странство, лично тој докупи уште нови 500 акции во неа и го зајакна своето сопствеништво. Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на “Алкалоид“ се најде на листата “бизнис-фаци“ за 2013 та како инвеститор, менаџер и хуманист. Паричната награда “Мајка Тереза“ во висина од пет просечни плати ја донираше во Заводот за деца и младинци, неговата компанија и во 2013та не запре со хуманитарни акции и донации – финасирајќи во проектот за бесплатен летен и зимски одмор на децата од ранливите категории на семејства. Мукаетов ја продолжи традицијата, преку фондацијата “Трајче Мукаетов“, што го носи името на неговиот татко и во 2013 та беа доделени 42 стипендии за најдобрите студенти на медицинскиот и фармацевтскиот факултет. “Алкалоид“ ја устоличи својата позиција и дома и на странските пазари. Во деветте месеци од 2013та, компанијата прикажа раст на приходите од продажба, зголемен пласман на странските пазари и нето добивка од скоро 7 милиони евра. Во “Алкалоид“ се вработија нови 65 лица. “Алкалоид“ преку своите 13 подружници Србија, Црна Гора, на Косово, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Романија, Украина, во Руската Федерација и во САД, остана на извозниот курс, како компанија која освојува нови потрошувачи. „Алкалоид“ во исто време доби авторизација за пласман на над 30 свои лекови на пазарите во земјите-членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), меѓу кои:  Ерменија, Азербејџан, Грузија и Туркменистан, а во исто време почна и повеќе проекти во Казакстан.
Слично

Поврзани вести