Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС ФАЦИ 2013, Свето Јаневски: Го загуби “Мек Доналдс”, ама со извозот на вино руши рекорди!

БИЗНИС ФАЦИ 2013, Свето Јаневски: Го загуби “Мек Доналдс”, ама со извозот на вино руши рекорди!
За бизнисменот Свето Јаневски, годината што измина и не беше така бериќетна. Во мај лани ја изгуби франшизата за светскиот ланец ресторани “Мек Доналдс” во Македонија. Во јавноста излегоа информации дека  планира да ја продаде неговата компанија “Санфуд холдингс” што ја поседува франшизата за “Мек Доналдс” во Бугарија. Но тогаш бизнисменот Јаневски не даде коментар. Од раководството на компанијата “С.Ј” излегоа со соопштение дека очекуваат позитивни преговори со централата на ”Мек Доналдс” за рестораните да продолжат со работа, и дека работниците ќе се вратат на работа, но вратите сеуште се затворени. Бизнисменот Јаневски досега во овој бизнис вложил над 6 милиони евра. За јавноста остана нејасно зошто “С.Ј”  ја загуби франшизата. Но, затоа бизнисот со вино и лани продолжи да се движи по нагорна линија. Вината на винасрката визба “Тиквеш”, во која Јаневски поседува удел преку групацијата М6, се најдоа на пазарот во Британија, поточно на полиците на познатиот ланец маркети “Маркс енд Спенсер”. Повеќе од 60% од вкупното производство на вино и лани заврши на пазарите во САД, Кина, Британија и скандинавските земји. Во првите шест месеци од лани, винарницата двојно ги зголеми приходите. Бизнисменот Јаневски не го изгуби епитот најбогат бизнисмен. И минатата година елитното списание “Форбс” го стави на листата на најбогати бизнисмени во земјава. Јаневски долги години беше директор на Пиварницата во Скопје, а неговата компанија М6 во 2011 година им ги продаде акциите на Кока-Кола Хеленик и Хајнекен за 34 милиони евра. Јаневски винарската визба “Тиквеш”,  поседува акции во вредност од 6,9 милиони евра. М6 поседува и акции во Охрид турист во вредност од милион евра.  
Слично

Поврзани вести