БИЗНИС ФАЦИ 2013, Минчо Јорданов: Позитивниот бизнисмен со желба да стане претседател на држава!
Бизнисменот Минчо Јорданов, за кого се смета дека е еден од најбогатите во Македонија во 2013 година реши да се испроба во политиката, а во 2014 можно е да се кандидра и за претседател на државата. Дали се почестите гласини дека државата му должи многу пари на Јорданов го натераа да се втурне во политиката? Јорданов кој поседува 23,22 проценти акции во градежната компанија „Бетон“, токму преку оваа градежна фирма и во 2013 година беше носител на многу од владините градежни проекти, особено изразени преку проектот „Скопје 2014“.
Јорданов е еден од иницијаторите на граѓанско движење кое за кратко стана Алијанса за Позитивна Македонија, во оваа работа е заедно со екс премиерот Владо Бучковски и новинарот Љупчо Зиков. Желба на милионерот според информациите е да стане претседател на државата. И само што проструи оваа вест стигна пораката на „Макстил“ му се заканува клуч на врата ако до април 2014 не ги исполни еколошките стандарди што се предвидени со Законот за животна средина усвоен во 2004 година. Дополнително според информациите Јорданов најави чистки и во Макстил. Наводно комплетно го менува менаџерскиот тим во компанијата.
Минчо Јорданов кој својата кариера ја започнал во 1992 денес е рангиран како еден од најбогатите македонци.
Дополнително, неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов е главен протагонист и во ракометниот клуб Металург. Јорданов ја има и винарниицата „СТОБИ“ во која инвестираше 20 милиони евра. Има и кланица и повеќе од 4000 хектари земја...
Слично
