Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЗНИС ДВОЕЦ 2013, Кираца Трајковска & Штерјо Наков: Каква е оваа ситуација?!

БИЗНИС ДВОЕЦ 2013, Кираца Трајковска & Штерјо Наков: Каква е оваа ситуација?!
Кираца Трајковска и Штерјо Наков, бизнис фаци кои на крајот од минатата година ја разбрануваа јавноста. По многу години дружба, лани го раскинаа долгогодишното  партнерство. Последните месеци од минатата година, немаше човек,  а да не праша зошто се скараа Трајковска и Наков. Кој прв почна? Причината за јавноста остана непозната, но во чаршијата се вртеа многу сценарија- од приватни, професионални бизнис интереси, па и дека прсти вмешала политиката. Трајковска е потпретседател на Надзорниот Одбор на Фершпед, беше еден од мнозинските акционери до шпедитерската куќа, која поседуваше 10,63 % од акциите во компанијата. Бизнисмената Трајковска важеше за близок соработник со Наков, но очигледно дошол крајот на пријателството. Од засега непознати причини, на почетокот на месец декември минатата година, во јавноста излезе со писмо во кое го обвини Наков за незаконско работење, притисок врз вработените и обезвреднување на компанијата. Побара одржување на вонредно акционерско собрание.  Еве дел од писмото: - Вонредното Собрание на акционери го поднесов поради негативниот тренд во работењето и своевидното нестручно и незаконско работење на одредени членови на Управниот и Надзорниот Одбор, за да се сопре процесот на континуирана пресија на вработените, неосновано казнување, и да се создадат услови на здрава и нормална средина, со цел да се зачува имотот на Друштвото, напиша Трајковска во јавното писмо Па така и официјално двајцата партнери ја почнаа битката за превласт во компанијата. Вонредното собрание се закажа, за на 10-ти овој месец. Прво преку официјално соопштение од компанијата, а потоа и лично се огласи и Наков. Обвинувањата ги отфрли како неосновани. - Фершпед работи законски, а секако тоа се гледа и од успешноста на компанијата. Воопшто не е точно дека сме давале позајмици, не е точно дека сме вршеле притисок врз акционерите за потпишување на бланко полномошна, изјави Наков. Јавноста секојдневно беше бомбардирана со случувањата во Фершпед, а превирањата меѓу двата табора ја размрдаа и Македонската берза. Вредноста на акциите го стигнаа плафонот, а надлежните смируваа- тргнувањето е под контрола. Како растеа акциите, во пресрет на вонредното акционерско собрание, растеа и апетитите за моќ, кој ќе придобие на своја страна повеќе приврзаници-акционери. Трајковска повторно ја шокираше јавноста, акциите си ги продаде на самата себе. Својот удел од 10, 63% го продаде како влог и заложение како позајмица на Друштвото за инвестирање и консалтинг “Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ Скопје”, фирма во која Трајковска е еден од основачите. Што стои зад потегот на Трајковска, останува непознато, важно од Фершпед како што изјави не излегува.  По нејзиниот потег цената на акциите падна за 10%. Штерјо Наков заедно со своите синови поседува 25 % од акциите во Фершпед. Лани елитното списание Форбс го стави втор на листата на најбогати бизнисмени во земјава. Неговите фирми во 2012 –та година направиле приходи од 76 милиони евра. Како ќе заврши приказната Трајковска-Наков, ќе биде познато по 10-ти овој месец. Тогаш ќе се знае кој бил во право и кој ќе го води кормилото на Фершпед.
Слично

Поврзани вести