Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бизнис акцелераторите, шанса младите да ги реализираат своите соништа за свој бизнис, кажа Анѓушев

Бизнис акцелераторите, шанса младите да ги реализираат своите соништа за свој бизнис, кажа Анѓушев

Со три бизнис акцелератори за млади претприемачи и иноватори младите ќе имаат можност да развијат бизнис и старт ап компании . 

Скоро 2 милиони евра е сумата која се предвидува за овие три проекти а како што кажаа на потпишувањето на трите договори 1,5 милиони евра ги обезбедува Светската банка во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, додека апликантите ќе треба да инвестираат половина милион.

Ова е прв ваков проект во земјава за поддршка на бизнис акцелератори  и лично премиерот најави дека Владата ќе понуди силна поддршка преку едукативни програми, стручни анализи на пазарот, обуки за практична примена и имплементација на новите технологии и иновации и огромна бизнис поддршка којашто ќе им овозможи на старт ап компаниите успех, брз раст и напредок.

Вицепремиерот Анѓушев пак им препорача на младите да ја искористат оваа шанса и да формираат своја фирма бидејќи ќе добијат несамо финансиска поддршка, туку и ќе бидат поддржани со простор и опрема каде што ќе можат да формираат својата фирма, туку ќе бидат поддржани и со знаење, „knowhow“ од областа на менаџментот како своите фирми да ги водат, да ги управуваат и со самото тоа да станат успешни. Акцелераторите

„Акцелераторите се место каде што треба младите луѓе да формираат свои фирми и да ги реализираат своите соништа. „Mobil Eye“, е формирана во акцелератор во Израел и таа е продадена во двоцифрен број на милијарди евра на слободниот пазар“, кажа Анѓушев.

Слично

Поврзани вести