Бизерба почна изградба на фабрика во Ваљево, платите ќе бидат над 1.000 евра
Германската компанија Бизерба ја почна изградбата на фабрика во Ваљево, каде ќе произведува ваги и станува збор за инвестиција од 30 милиони евра.
Оваа фирма е една од глобалните лидери за производство на ваги, односно добавувач на хардверски и софтверски решенија од областа на вагање, сечење и етикетирање.
Производството во фабриката во Ваљево од 11.000 метри квадратни, треба да почне во последниот квартал оваа година, а ќе вработи 300 луѓе. Сопственикот и генерален директор Андреас Краут кажа дека фабриката ќе биде опремена со најнов технички систем и ќе биде по најновите енергетски стандарди. Вели дека проектот ќе биде реализиран во планираниот рок, а моментално е во подготовка и центарот за обука на вработените.
На поставувањето на камен темелникот присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека платата ќе биде двојно повисока од платите во Ваљево.
Просечната бруто плата ќе биде 1.772 евра, што значи над 1.100 евра нето, објави ekapija.
Додаде дека и до почетокот на работата на фабриката ќе биде готов патот Лајковац - Ваљево.
Компанијата Бизерба има годишен промет од 730 милиони евра, а во светот во 120 земји вработува 4.300 луѓе.
Foto: Print screen / YouTube
