„Битолското движење“ ќе го блокира влезот во Битола
„Битолското движење“ за утре во 12 часот најавува собир кај црквата „Св Аранѓел“, а потоа блокирање на влезот на Битола од страната на Охрид.
Ова движење практично се приклучи со активности на „Шарената револуција“.
Обичните протести, се исцрпија како метод, затоа што станаа обични и анемични прошетки, сметаат од „Битолското движење“.
„Континуитет заради континуитет, симболика заради симболика. За еден метод да биде ефективен, треба да се процени неговото политичко, социјално и економско влијание врз тие што ги носат одлуките. Врз локалната и централната власт. Односно, дали задаваме удари со нашите дејства или ги амортизираат и ги игнорира“- велат од „Битолско движење“.
Тие ги поддржуваат барањата на „Шарената револуција“.
