Битолскиот градоначалник се жали од Катица Јанева
Откако општина Битола се најде на листата со инстиуции кои специјалното јавно обвинителство ги обвини за опструкции и несоработка, реагираше битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Тој вели дека е зачуден од обвинувањата дека општината не соработувала и вели специјалното обвинителство води политичка хајка против него.
„Ова прераснува во хистеричен садомазохизам и се прави невидена политичка хајка. Незвисна суверена, самостојна Република Македонија, ако продолжи овој тренед се помалку ќе личи на тоа. Мислам дека ваквиот однос кон релевантните институции, кон функционерите и она што го работиме ние е директен обид да се наруши суверинитетот и самостојноста на Република Македонија” - вели градоначалникот на Битола, Талески.
Талески тврди дека на увид ги ставиле сите документи, кои според него биле во надлежност на специјалното јавно обвинителство, кое пред еден месец беше во посета на општина Битола, за да ја истржува „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз.
