Битолски пензионери со месеци не земаат пензија
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од повеќе пензионери во Битола побарал да докажат дека се живи, за да добијат пензија. Меѓу нив има и деца корисници на семејната пензија од починати родители.
Дел од пензионерите ја доставиле потврдата за живот, но пензијата се уште не ја добиле.
Во изјава за Телма, тие зборуваат за тоа како повеќе од педесет пензионери секојдневно лутаат низ бирократските лавиринти на Фондот, со надеж дека овој месец ќе си ја земат пензијата. Но, тоа трае веќе три месеци.
Од Фондот за пензиско осигурување велат дека пензионерите имаат обврска на секои 6 месеци да доставуваат потврда за живот до оваа институција, посебно оние кои се во странство.
Но и покрај поднесените потврди, дел од битолските пензионери не земаат пензија со месеци. Тие не добиле никакво објаснување од Фондот за здравство зошто не ја добиваат пензијата.
