Битолската итна помош 8 часа недостапна
Цели осум часа, телефонскиот број на Брзата помош во Битола, вчера не беше достапен за граѓаните, пренесува ТЕРА.
Па така, минувач пред чии очи еден човек изгубил свест во своето возило, морал да трча до итната помош, откако не добил никој на линија.
Таму, реанимацијата и лекарската помош не успеале да го спасат животот на средновечниот маж, кој откако бил транспортиран до ургентното одделение во Клиничката болница, набрзо починал.
Началникот на Брзата помош во Битола, информираше дека уште во 11 часот имале проблеми со Службата за телефоните. Тој вели дека екипите на Водовод тој ден работеле на некој дефект на водоводна цефка, па ги искинале телефонските кабли, со што Службата останала без телефон сѐ до 18 часот.
Слично
