Битолчани се разбудија во шатори пред општинската зграда
Битолчани кои излегоа на синоќешниот протест рекоа дека остануваат пред општинската зграда.
Така и се случи. Тие не баш топлата ноќ ја поминаа надвор од своите меки постели и се разбудија пред општинската зграда.
Тие денеска во 12 ч до службите во општинската зграда ќе достават подготвена оставка, за како што вели Горан Пинза, градоначалникот да ја потпише.
Горан Пинза од здружението За нас се работи рече дека протестите ќе бидат мирни а не како што некој посакува и предупреди на некакви немири.
На видео бим синоќа тие правеа ретроспектива на се она што тие го направиле и на се она што градоначалникот го ветил а не го исполнил.
Слично
