Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битолчани на протест, Груевски ги смирува

Битолчани на протест, Груевски ги смирува

Иднината на познатиот Офицерски дом во Битола се уште не ги остава мирни жителите на градот под Пелистер.

Битолчани организираат нов протест за Офицерскиот дом за утре, во 16 часот, а во меѓувреме порашнешниот премиер Никола Груевски им вети целосна реконструкција на објектот.

Тие на Фејсбук-група „За подобра Битола” се мобилизираат за масовен собир пред вратите на Офицерскиот дом, каде ќе порачаат дека не го даваат „битолскиот Варсај”.

Во меѓувреме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави целосна реконструкција и ставање во функција на Офицерскиот дом во Битола.

Груевски најави дека проектот е се реализира кон крајот на оваа или почетокот на наредната година, а инвестицијата ќе чини околу два милиони евра.

„Би сакал да истакнам и да е совршено јасно дека никогаш не би преземале ниту еден чекор со кој би наштетиле на граѓаните. Нивните потреби ни се најважни и затоа младите во Битола ќе добијат репрезентативно и целосно реконструирана зграда на офицерскиот дом. Го слушаме гласот и волјата на битолчани, рече Груевски.

Груевски најави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе гради нов амфитеатар на локалитетот Скупи, кој ќе биде со 9.000 места и ќе ја реконструира библиотека ,, Браќа Миладиновци”.

Покрај ова, поранешниот премиер вети и загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии, секоја година и обезбедување стипендии на средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и изградба на нови пет скејт паркови.

Слично

Поврзани вести