Битолчани го спасија Офицерскиот дом
По острите реакции и незадоволство од јавноста, Офицерскиот дом во Битола сепак нема да оди на продажба. Ова го изјави Никола Груевски во интервју за Сител Телевизија, каде информира дека ВМРО-ДПМНЕ ја повлекува одлуката за продажба на домот.
„Ги следевме реакциите во врска со одлуката да се продаде Офицерскиот дом во Битола и видовме дека голем број граѓани не се согласуваат со оваа одлука. Затоа ја повлекуваме одлуката за продажба на Офицерскиот дом"- изјави Груевски
Најавата за продажба на Оцерскиот дом во Битола предизвика револт и незадоволство меѓу голем број битолчани.
Граѓанските активисти и Здружението за култура и уметност Машина од Битола преку иницијатива под мотото „Стоп за продажбата на историјата и националното богатство“ веќе почнаа да собираат потписи против негова продажба.
Тие укажуваа дека несватливо е да се продава еден ваков објект од културна и историска вредност и по кој е прпознатлив градот Битола.
