БИТОЛА ПОД ЛУПА: Jaнева ја испитува работата на градоначалникот Талески
Специјалното јавно обвинителство ги презело сите предмети отворени во врска со работата на Општина Битола и на градоначалникот Владимир Талески.
Извори од Обвинителството во Битола потврдуваат дека во рацете на Катица Јанева не е само „бомбата“ на опозицијата со бесплатниот школски превоз, туку сè што било ставено под знак прашалник во работата на локалната власт.
Од кабинетот на специјалната обвинителка за „Мета“ велат дека поради тајноста на постапката не можат да кажат што сè е предмет на истрага.
„Во тек е предистражна постапка за предметот за кој прашувате и со оглед дека предистражната постапка во согласност со Законот за кривична постапка (ЗКП) е тајна, во овој момент не сме во можност да ви сооштиме што сè е предмет на истражување. Секако, штом ќе постои законска можност, благовремено ќе бидете известени за прашањата за кои изразивте интерес”- се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство.
Од битолското јавно обвинителство потврдиле дека севкупното работење на Општина Битола е префрлено во рацете на Специјалното јавно обвинителство, вкулучувајќи ја одлуката за подигнување на кредитот од 2,5 милиони евра за инфраструктура во поранешната касарна, зонското паркирање, изградба на мостови и на улици како проекти на Општината.
Слично
