Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битола направи важен чекор за целосна гасификација

Битола направи важен чекор за целосна гасификација

Локалната власт во Битола направи голем исчекор во крајната цел гасификација за сите жители и компании со тоа што го објави првиот оглас за изработка на почетна идеја во основниот проект кој ќе се развива во наредниот период.

Општина Битола распиша оглас за „Изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Битола, со максимум 25.000 м. должина, со ревизија и вршење на проектантски надзор при изведба“.

Согласно огласот,  проценетата вредност без ДДВ изнесува 7.945.800,00 денари, а договорот е во времетраење од седум месеци. Критериумот за доделување на договорот е најниска цена.

Понудите се доставуваат најдоцна до 23.04.2018 во 14:00 часот, а Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите – 23.04.2018 во 14:00, општина Битола, се наведува во огласот.


Слично

Поврзани вести