Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битола ќе биде гасифицирана во 2030

Битола ќе биде гасифицирана во 2030

Општина Битола денеска со договор во вредност од 100.000 евра ја ангажираше компанијата „Простор“ од Куманово за изработка на идееен и за основен проект, за дистрибутивна гасна мрежа и за телекомуникациски коридор.

„Според проектниот план, одобрувањето за градба би требало да биде готово во првата половина на 2020 година. Секундарната гасоводна мрежа ќе се гради во повеќе фази, во зависност од обезбедените средства и од потребата на корисниците, а се очекува целиот тој процес да се заокружи во наредните 10 години“, велат од Општина Битола за „Мета“.

Магистралниот гасовод што започна од Неготино треба да биде изграден до 2020, односно да пристигне до самото предградие на Битола, а потоа дистрибутивната мрежа да се шири во наредната деценија.


Слично

Поврзани вести