Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТОЛА: Им земале пари на битолските кафулиња за спонзорство на фестивалот „Браќа Манаки”

БИТОЛА: Им земале пари на битолските кафулиња за спонзорство на фестивалот „Браќа Манаки”

Општински службеник од битолските кафулиња барал по 200 евра за спонзорство на фестивалот „Браќа Манаки”.

Ова го објави денеска советникот Методија Илиевски од СДСМ кој покажа и фактура за уплатени  12 300 денари на сметка на 36-то издание на фестивалот што се одржа во септември 2015 година.

faktura-kafich-bitola

Според Илиевски, ветувањата на службеникот биле дека оние кафулиња што ќе платат пари, ќе бидат дел од програмата на фестивалот „Браќа Манаки“, но не давал конкретни предлози кога и како ќе се вклучат во програмата.

„ Луѓето оваа фактура ја платиле од страв, но за возврат не добиле ништо. И покрај 400.000 евра што ние ги трошиме како народни пари, тие (кафулињата) сега плаќаат дополнитени средства “ - рече Илиевски.

Илиевски, на последната седница на Советот, го праша и лично градоначалникот Талески, зошто собираат пари од угостители кога културните настани во градот се плаќаат со народни пари, собрани во буџетот на Општината.

Градоначалникот Талески не даде конкретен одговор за случајот.

Слично

Поврзани вести