Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТКОИНОТ ВО ПОДЕМ: Moже ли да скокне на 25.000 долари?

БИТКОИНОТ ВО ПОДЕМ: Moже ли да скокне на 25.000 долари?

Биткоинот доживува невиден раст во последно време. 

Вредноста на  биткоинот скокна за дури 50% за еден месец,а дел од аналитичарите сметаат дека трендот ќе продолжи, додека други се со став дека секој момент ќе крахира и инвеститорите ќе ги изгубат вложените пари. 

Биткоинот сега се тргува за 6.958 долари, а на 7 октомври можеше да се купи за 4.596 долари.

Сепак, цената почна значително да варира последнава недела – од 6.363 долари се качи на 7.583 и го достигна максимумот по што падна на 6.953 па повторно почна благо да расте.

Наглиот пораст на оваа кртиптовалута започна во април – од околу илјада долари за парче вредноста се зголеми седумкратно за неколку месеци. Претходно со години се движеше на истото ниво – од 900 до 950 долари.

На Балканот први во користење на биткоинот се Словенија и Хрватска. 

Голем дел од светските милијардери сметаат дека криптовалутите се само меур кој секој момент може да пукне. Тврдат дека никогаш не би инвестирале во нешто што практично и не постои.

Има и прогнози кои велат дека за пет години биткоинот ќе вреди 25.000 долари. 

Слично

Поврзани вести