Биткоинот тоне
Се намалува вредноста на биткоинот. Цената на биткоинот се намали за дури 7,4 отсто во однос на доларот за време на азиското тргување во петокот на 38.261 долари, пишува Фајненшл Тајмс.
Биткоинот и другите криптовалути паднаа денеска за време на пошироката распродажба на пазарите откако индексот Nasdaq Composite мораше да се корегира.
И другите големи криптовалути паднаа, при што вредноста на Ethereum се намали за околу 9 отсто. Падот на двете најголеми криптовалути во светот избриша околу 140 милијарди долари од нивната заедничка пазарна капитализација, според бројките на CoinMarketCap.
Слично
