Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биткоинот пристигна во Хрватска!

Биткоинот пристигна во Хрватска!
Со новата валута биткоин, отсега може да се плаќа во Хрватска и тоа на две места, пишува Пословни дневник. Изнајмувачот на апартмани Lunea Apartment на своите страници огласи, дека освен плаќање преку PayPala, прифаќа и плаќање со валутата биткоин. За плаќање со биткоин се бара 20 посто депозит, но исто така се нуди и 10 посто попуст на истакнатата цена. И тоа не е единственото место во Хрватска каде може да се плаќа со биткоини. Истото го нуди и порталот Honorarniposao.netкој се бави со домејни, букерај и хонорарни работи. Порталот, освен  PayPala и останатите уважени начини на плаќање, прифаќа и плаќање со биткоин. Плаќањата се реализираат директно на банкарска сметка во Хрватска. Во Хрватска, плаќањето со биткоини е нова појава. Британскиот весник The Guardian, од друга страна, состави водич кој покажува дека во светот таков начин на плаќање полека преминува во мејнстрим.
Слично

Поврзани вести