Биткоинот повторно урива рекорди-ја премина магичната граница
Вредноста на дигиталната крипто валута Биткоин оваа недела ја премина магичната граница од 1 500 долари.
Ова претставува голем успех на концептот на дигиталните валути воопшто.
Минатата недела Биткоинот порасна до над 1400 долари што е исто така забележано како уривање на рекордот. Сепак, тоа ќе падне во заборав бидејќи единицата на крипто валутата во саботата после пладне вредела 1 534 долари.
Вредноста на валутата од 1500 долари значи дека вкупната сума на Биткоинот вреди повеќе од 40 милијарди долари.
Потсетуваме, Биткоинот во почетокот на 2017 година ја надмина магичната црта поставена на 1000 долари, а во февруари е урнат рекордот поставен во 2014 година кога максималната вредност била 1.165 долари.
Слично
