Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биткоинот повторно расте, но овој пат без еуфории

Биткоинот повторно расте, но овој пат без еуфории

Најпопуларната и најскапата крипто-валута биткоин повторно расте и вредноста надмина 10.000 американски долари со што ја надмина црната серија која изгуби речиси 60% од вредноста за само неколку дена што предизвика паника на пазарите од можно уништување на целокупната вредност.

Овој пат, биткоинот повторно има стабилен раст од неколку проценти дневно и стигна до вредност од 10.700 долари што дава надеж дека уште повеќе ќе се зголемува, Сепак, се уште е рано да се говоори дека ќе ја достигне историски највисоката цена од 19000 долари и дали истата ќе ја надмине неколкукратно.

Повеќе крипто-милијардери како Мекафи и Винклвос тврдат дека биткоинот со текот на времето ќе има поголема вредност од златото бидејќи е одлично да се поседува и да се биде технолошки напреден и тие проценуваат дека неговата вредност ќе изнесува меѓу 150 и 350 илјади долари со пазарна вкупна капитализација од 6 трилиони долари.

Слично

Поврзани вести