Биткоинот паѓа, а доларот има мало зголемување на вредноста
Биткоинот денес се тргува на ниво под 20-дневниот просек. Тој сега има цена од 34.119 долари, а вредноста на етерот се намали за 3,0 проценти на 2.252 долари.
Американскиот долар денес регистрираше занемарливо придвижување на азискиот пазар. Ова е резултат на минатонеделните мешовити податоци на САД од пазарот на трудот ги ублажија стравувањата на инвеститорите од забрзан крај на монетарниот стимул. Во однос на новозеландскиот долар, тој скокна за околу 0,2 проценти на 0,7017 долари, а во споредба со јапонскиот јен има раст од околу 0,1 процент на 111,13 јени. Доларот зајакна за приближно ист процент во однос на еврото, на 1,1853 долари за евро. Вредноста на британската фунта се намали за 0,1 процент на 1,3818 долари.
И во јуни, биткоинот имаше падови.
foto freepik
