Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биткоинот оди само горе, веќе нема магични граници

Биткоинот оди само горе, веќе нема магични граници

Биткоинот достигна нов плафон откако цената надмина 5000 илјади долари со рапиден раст кој се чини дека нема што да го сопре барем во догледно време и токму тоа ги тера националните банкарски институции ширум светот да се подразмислат за употребата на криптовалутата.

„CoinDesk Bitcoin Price Index“ (BPI) се зголеми на 5013.91 долари, според податоците на пазарот, останувајќи над нивото од 5.000 долари за околу 20 минути. Цената потоа падна под клучната граница, достигнувајќи 4.867,18 долари во следниот час.

Податоците за пазарот сугерираат дека кинеската берза за биткотини „OKCoin“ е причината за растот, при што таму пазарот забележа дури и 5.149 долари.

Подоцна, сепак, биткоинот продолжи да опаѓа, па дури достигна и 4.621,23 долари, што беше на дното на кое почна да закрепнува.

Во текот на неделата пазарите се движеа меѓу 4.340 и 4.370 долари, а во вторникот беше објавено неделното дно од 4.221,44 долари.

Меѓутоа, во последните неколку дена, пазарите забележаа значителен пораст, надминувајќи ги рекордните граници од 4.700 и 4.800 долари.


Слично

Поврзани вести