БИТКОИНОТ ЈУРИ КОН РЕКОРД: Големите банки со понуда за богатите клиенти
Вредноста на биткоинот повторно се зголеми во текот на вчерашниот ден, па околу 8.30 часот најпопуларната криптовалута се тргуваше по цена од 58.500 долари.
Така, во изминатите 24 часа цената на дигиталната валута забележа скок од 4 проценти.
Во текот на средата пак, вредноста се движеше помеѓу 54.000 и 59.000 долари, што го приближи до рекордот од 61.500 долари.
Една од причините за новиот скок на биткоинот може да биде обновување на интересот на големите инвеститори за инвестирање во криптовалути.
Имено, Морган Стенли стана првата голема банка во САД што им понуди на своите богати клиенти пристап до фондовите на биткоин.
Инвестициската банка, гигант што управува со четири милијарди долари од средствата на своите клиенти, во интерниот документ во средата им соопшти на своите финансиски советници дека ќе воведе пристап до три фондови што овозможуваат поседување биткоин, велат луѓето запознаени со ситуацијата.
Морган Стенли се одлучи на овој потег, значаен чекор во прифаќањето на биткоинот како вид на средство, откако клиентите побараа пристап до таа криптовалута.
Да потсетиме, институциите беа големи купувачи на биткоин во четвртиот квартал од 2020 година, а нивните набавки далеку ги надминаа инвестициите во малопродажба. Но, сега и малопродажните и институционалните текови на биткоини се порамномерно распоредени.
Вредноста на биткоинот во моментов е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање картички во светот, со вкупна пазарна капитализација од 871 милијарди долари, како и трите најголеми банки во светот.
Може да ве интересира:
