Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биткоинот има нова вредност - се врати ли на психолошката граница?

Биткоинот има нова вредност - се врати ли на психолошката граница?

Битоконот денеска успеа да се искачи над психолошката граница од 10.000 долари.

Тој чинеше точно 10.044 долари.

Ова се случува по период од две недели. 

Експертите се со став дека овој раст над 10.000 долари може да ги врати ентузијастите повторно да вложуваат во крипто валутите.

Биткоинот загуби скоро две третини од својата вредност откако го достигна историскиот рекорд од 20.000 долари. Имаше и период кога криптовалутата падна и под 6.000 долари.

Сегашните вредности на валутата се за околу 70% пониски од рекорните нивоа, што крипто валутата ги имаше кон средината на декември.

Нејзината вредност изминативе два месеци доживеа пад, како последица на негативните оценки за нејзините перспективи од глобалните финансиски регулатори.

Слично

Поврзани вести