БИТКОИНОТ ГО ВРАЌА УДАРОТ: Во еден ден бележи двоцифрен скок
Вредноста на биткоинот по повеќемесчен пад, се искачи на повеќе од 3 400 долари, што се препишува на зголеменото купување на оваа криптовалута во Јапонија и Хонгконг.
На Bitstamp платформата биткоинот забележал најголем дневен пораст од 28 ноември, скокнувајќи за дури 11 отсто.
Вредноста на најпознатата дигитална валута паднала за околу 80 отсто во однос на вредноста која ја имала минатиот декември. Само во последните три месеци биткоинот се стопи за скоро 50 проценти.
Потсетуваме, минатата година , цената на биткоинот на кратко достигна 19 511 долари, и тогаш почна потопот со епски размери и таа криптовалута изгѕби 82 отсто од својата вредност.
Слично
