Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТКОИНОТ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Зима за криптовалутата нема уште

БИТКОИНОТ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Зима за криптовалутата нема уште

Водечката крипто валута биткоин ја префрли вредноста од 15 000 долари, по бруталната распродажба на крајот на минатата недела, кога од 20 000 долари падна на 11 000.

Пазарната капитализација на оваа цена изнесува 257 милијарди долари.

„Не постои моментна соодветна цена која ќе се рефлектира на сегашната вистинска вредност. Собирање профит е во ред, исто како и купување на долгорочна основа. Не мора да бидете во право на овој пазар, само помалку во право на останатите“, изјавил експертот за криптовлаути Андреј Попеску.

Крипот претприемачот Џулијан Хосп предвиде дека биткоинот ќе достигне нова рекордна вредност, но пред да доживее колапс. 

„Мислам дека ќе видиме негов раст на 60 000 долари, но исто така сметам и дека ќе видиме и негов пад на 5000. Прашање е само што прво ќе се случи“, наведува тој.

Смета дека пазарот го антиципирал падот на цените, што овозможило купување на биткоин со попуст. „Тој пад е многу здрав и некои од нас го искоритија за да купат уште малку бидејќи одеднаш добивме попуст од 40 до 45 отсто во однос на рекордната вредност“, наведува тој.

„Не мислам дека крипот зимата ќе дојде во наредните неколку месеци, но ако го погледнеме периодот од наредните година или две, мсилам дека ќе се случи „голема компресија на пазарот“, рекол Хосп.

Слично

Поврзани вести