Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТКОИН ДЕНЕСКА: Нова корекција на криптопазарот, дали и Русија ќе има влијание?

БИТКОИН ДЕНЕСКА: Нова корекција на криптопазарот, дали и Русија ќе има влијание?

Пазарот на криптовалути изгуби 4,1 отсто од својата капитализација во последните 24 часа и во моментот изнесува 1,98 трилиони долари.

Биткоинот падна за 2,6 отсто во истиот период и моментално се тргува по 42.321 долари.

Етриумот бележи полош пад во изминатите 24 часа, од 5,5 отсто, а моментално на менувачниците и берзите се проценува на околу 2.936 долари.

Вчера најголемата светска берза за криптовалути Бајненс објави дека планира стратешка инвестиција од 200 милиони долари во Форбс, издавачка компанија и списание со традиција од 104 години, објави американската телевизија CNBC.

Средствата ќе му помогнат на Форбс да го спроведе планираното излегување на берзата во првиот квартал преку спојување со компанија со посебна намена за аквизиции, или SPAC, која кортира на пазарот, изјавија за американските медиуми извори запознаени со договорот.

Бајненс ќе преземе од институционалните инвеститори половина од обврските од 400 милиони долари, најавени од Форбс во август, рекоа извори на CNBC, кои не сакаа да бидат именувани пред да биде објавена трансакцијата.

Слично

Поврзани вести