Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битка за Центар: Кој краде проекти, а кој избегнува дуели?!

Битка за Центар: Кој краде проекти, а кој избегнува дуели?!
Кандидатите за иден градоначалник на Центар почнаа со мерење на силите. Андреј Жерновски, од здружената опозиција, ветува решавање на хаосот со паркирањето, Владимир Тодоровиќ од владеачката коалиција, пак обвинува дека неговиот противкандидат нема план за реализација на ваквото ветување. Според Жерновски, еден од сновните проблеми на Центар е паркирањето. „Ќе извршиме реконструкција на паркинг просторите, Ќе изградиме нови катни гаражи. Жителите на Центар ќе имаат право на бесплатно паркирање на целата територија на општината, без разлика каде живеат“, изјави денеска Жерновски. Тој посочи и дека по четири години несогласувања, градот Скопје и Центар постигнале некаков договор за пред избори, но уверува тој неговото решение за паркирањето било подобро. Затоа го покани  противкандидатот Тодоровиќ на дуел и ТВ дебата. Брза реакција на ВМРО-ДПМНЕ Од најголемата владеачка партија посочија дека Жерновски не сака и не знае како да ги реши проблемите со паркирањето во општина Центар. „Изградбата на катни гаражи и паркинг простори не е нешто што Жерновски може да го каже тукутака. Потребна е добро изработена планска документација што очигледно Жерновски ја нема“, стои во реакцијата. Во делот на ТВ дуелот,  Тодоровиќ вели дека ќе размислел за оваа идеа иако, според него, имал повеќе аргументи зошто да не ја прифати. „Ќе размислам, Жерновски води некоректна капмања, и поставува прашања на кои однапред го знае одговорот“, рече Тодоровиќ кој во меѓувреме најави изградба на нова спортска сала во основното училиште „Кочо Рацин“. На помош му пристигна и носителот на советничката листа на општината Центар, Томислав Лазаров. Тој порача, Жерновски да престане да ги копира реализираните проекти и сите новини кои ЈП Паркинзи ги нуди за сите граѓани на општина Центар.  
Слично

Поврзани вести