Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТКА ЗА ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ: Матурантите од Средношколскиот пленум ќе преминат во Студентскиот!

БИТКА ЗА ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ: Матурантите од Средношколскиот пленум ќе преминат во Студентскиот!
Статус-кво состојбата со преговорите за Законот за високо образование и игнорантскиот однос на надлежните кон учениците, матурантите и студентите е мотив повеќе борбата за квалитетно образование да продолжи-велат матурантите кои веќе од септември стануваат бруцоши. Тие велат дека својата борба ќе ја продолжат во студентските редови бидејќи е потребно сериозно законско решение кое ќе ги подобри условите за студирање и начинот на кој се стигнува до квалитет и знаење. “Ние минатата недела имавме состанок со координаторите во Средношколскиот пленум кои се од пониските одделенија и кои ќе треба да продолжат онаму кадешто ние застанавме. Секако нашата подршка нема да изостане ниту во иднина бидејќи и покрај протестите сеуште остануваат отворени проблемите околу начинот на спроведување на екстерното тестирање и концептот на државна матура. Ова се сериозни прашања  кои директно се поврзани со успехот и знаењето на учениците, а нивното спроведување е контрадикторно и нелогично. А токму од нивните резултати за многу ученици ќе зависи дали и каде понатаму ќе го продолжат своето високо образование. Оттука ние ќе продолжиме со ист елан и работа и како идни студенти”-вели Моника Пешевска. Таа деновиве се запишала на Природно математичкиот факултет во Скопје. Следниот период вели ќе биде фокусирана на факултетот но и на активностите во пленумите. “Минатата учебна година научивме многу. Иако надлежните и покрај кампот, бојкотот на наставата, протестите  и подршката од професорите не сакаа на заедничка маса да најдат решенија и да не вклучат како рамноправни чинители, ние не се откажуваме. Треба да се бара модел на соработка за да се дојде до решение”-вели Пешевска. Враќање на стариот концепт на државна матура и стопирање на екстерното тестирање се повторно клучните барања и проблеми кои мора да се решат, а беа до крајот на учебната година камен на сопнување помеѓу двете страни. С.Б.
Слично

Поврзани вести