Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битка за пензионерски гласови, кој повеќе ќе ги зголеми пензиите? ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

Битка за пензионерски гласови, кој повеќе ќе ги зголеми пензиите? ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најавуваат раст на пензиите доколку победат на изборите, но моделите како тоа ќе го прават се различни. Па така, ВМРО—ДПМНЕ ветуваат за пет отсто повиосоки пензии во 2018 и 2020 година, но не се споменуваат 2017 и 2019 година, додека пак во прграмата на СДСМ е наведено дека пензиите ќе се зфолемуваат два пати годишно согласно растот мна платите и трошоците, но најавува и вонредно зголемување на крајот на годината. Ниту една од партиите во својата програма не споменува како ќе го реши проблемот со кои се соочува фондот за ПИОМ, а за што сите меѓународни институции препорачаа дека треба да направат реформи.

ММФ алармира дека дефицитот во ПИОМ мора да се намали. Предлага зголемување на старосната граница за одење во пензија и воздржување од „великодушни” зголемувања на пензиите.

-За да се обезбеди одржливост, ја охрабруваме Владата да ја разгледа можноста за подигнување на старосната граница за пензионирање и да имплементира политики на зголемување на активната работна сила и зголемување на придонесите…Потребни се заштеди, преку рационализација на на земјоделските субвенции и трансферите кон локалната власт кои не се добро насочени, како и воздржување од ад хок зголемувања на пензиите и великодушните индексирања- стои во соопштението на ММФ.

ВМРО-ДПМНЕ –ПЕНЗИИТЕ ЌЕ РАСТАТ ПО ПЕТ ОТСТО ВО 2018 И 2020 ГОДИНА

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ,наведено е дека пензиите ќе се зголемат во 2018 и 2020 година. За оваа намена, според програмата на ВМРО-ДПМНЕ од буџетот ќе бидат предвидени 527 милиони евра.

„Во следниот мандат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,25% и тоа,5% со исплатата на пензијата во септември 2018 година и5% со исплатата на пензијата во септември 2020 година.Со оваа мерка и понатаму продолжуваме да го подобруваме животниот стандард на пензионерите и даводиме вистинска грижа за нашите највозрасни граѓани.Политиката на планираниот пораст на пензиите е возможна доколку не се случи сериозна надворешнакриза, која би влијаела негативно врз економската и финансиската состојба во Република Македонија“, стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата најавува дек ќе продолжат со проектите за беспталет викенд за пензионерите во одморалишта, што ќе може да го искористат 4.000 пензионери годишни, потоа продолжува проектот за бесплатни бањи за што ќе може годишно да го користат 5.500 пензионери.

СДСМ – ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ УСЛОГЛАСУВААТ СО ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ, НО ЌЕ ИМА  И ВОНРЕДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ

Во изборната програма на СДСМ е наведнео дека два пати годишно пензиите ќе сезголемуваат согласно порастот на плати те и трошоците.  Но, додаваат и дека на крајот на годината Владата ќе носи одлука за вонредно зголемување на пензиите.

Ќе има можност и за предвремено пензионирање.

„Ќе воведеме можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намалување на надоместокот за пензија, ветува СДСМ во програмата.

Дополнително СДСМ најавува и изедначување на правото на пензиско осигурување на земјоделецот со работникот.

„Со стаж од 15 години и со старост од 64 години, тој ќе може да биде корис- ник на пензија. Ќе овозможиме остварување на бенифициран работен стаж на земјоделците, за 12 месеци работа, да им се признае работен стаж од 13 месеци“, стои во програмата на СДСМ.

Најавуваат идржавна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело во Македонија и не ги остварува условите за старосна пензија.

„Таквите лица ќе имаат право на државна пензија. Државната социјална пензија, на почетокот, ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија, стои во програмата на СДСМ.

Наташа Стојановска 


Слично

Поврзани вести