Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битка за гласови, ВМРО-ДПМНЕ за реклами досега потроши 730 илјади евра!

Битка за гласови, ВМРО-ДПМНЕ за реклами досега потроши 730 илјади евра!
Во првите десет дена од кампањата само за реклами ВМРО-ДПМНЕ потрошила 730.000 евра. Овде спаѓаат сумите за телевизиски и радио спотови, за билборди и за митинзи стои во отчетите на партиите за финансирањето на првата половина на кампањата, пренесе телевизијата „24 вести“. Партијата од донации собрала околу 50.000 евра, што значи дека најголемиот дел од овие пари ги должи, а и годинава слично како и изборите во 2011 година, кампањата на ВМРО ДПМНЕ ја финансираат само физички лица, односно 50 лица кои донирале по 60.000 денари за партијата. ДУИ пак во првата половина од камапањата за локалните избори  потрошила 96.000 евра, од кои најголем дека дала за реклами. Сепак оваа партија собрала двојно повеќе донации од ВМРО-ДПМНЕ, односно над 100.000 евра, но вде освен физички лица пари давале и фирмите. СДСМ својот финансиски извештај треба да го достави до утре, бидејќи оваа партија подоцна започна со кампања.
Слично

Поврзани вести